Повеќето стари возила завршуваат како отпад, но не и во Франција. Имено, уметникот Бендето Буфалино веќе со години на старите превозни средства им вдахнува втор живот.
Така, од стар автобус ги исфрлил седиштата и страничните делови па го претворил во јавен базен кој посебно ги воодушевил најмладите.
Истовремено, базенот може да прими десет пливачи, а во Франција станал вистинска атракција. Отворен е во август па сега се сели низ земјата додека не си најде постојан дом.
Некои од инсталациите со кои ги воодушевил своите сограѓани се британската телефонска говорница која ја претворил во аквариум.
Фото: Инстаграм