Минатата недела Ема Милер ја родила ќеркичката Реми Францис Милер и вели дека таа и нејзиниот партнер Даниле очекувале големо бебе, но не баш до толку За да биде приказната уште поинтересна, девојчето не издржало до терминот, туку е родено со итен царски рез.
Двојката од Сиднеј веќе има две деца, а и тие се родиле со натпросечна тежина. Сега двегодишната Вилоу била тешка 5,5 килограми, а четиригодишниот син Ејс со 3,8 килограми. За споредба, просечната тежина на новороденчињата во Австралија е 3,3 килограми.
„Имав гестациски дијабетес па очекував големо бебе, но не се надевав на толку големо. На ултразвучниот преглед во 35.недела ми рекоа дека има околу 4 килограми па не мислев дека може многу да порасне, со оглед на тоа што водењакот ми пукна ненадејно, поради што ми направила варски рез. Мислам дека е тоа и подобро бидејќи се сомневам дека би поднела вагинално породување“, изјавила Ема за Nine News.
Семејството сега забрзано купува нова облека зашто сé што подготвиле досега на девојчето му е премногу тесно.
„Кога ме гледаат со неа, сите луѓе и посетители во болницата ме прашуваат колку е стара затоа што не можат да поверуваат дека е новороденче“, вели тато Даниел.
Ема се опоравува од царскиот рез и не смее да крева ништо потешко од 6 килограми, што значи дека детето сепак може уште некое време да го носи во рацете.
Фото: Nine News screenshot