Во првите 60 минути од раѓањето, бебето е веќе на социјалните мрежи

Според едно истражување, околу 75 отсто од родителите уште во првите 60 минути по раѓањето на детето објавуваат слика од бебето на социјалните мрежи. Дали сте и вие меѓу нив? Што мислите за овој тренд?

0
440

Многу родители секојдневно ставаат слики од своите бебиња и деца на социјалните мрежи. Обично не ги гледаме лошите страни од таа постапка.

А јас се сеќавам колку се срамев од некои свои фотографии кои моите родители им ги покажуваа на моите другари и дечковци. И се сеќавам дека сите ние, децата, имавме баре по една гола фотографија во семејниот албум. Тие голите и помочаните, а подоцна оние кадешто не си се допаѓавме како сме излезени, ги киневме кришум или барем гледавме да ги скриеме во најтемниот агол од фиоката.

Епа замислете сега како им е на денешните деца. Нивните фотографии, без оглед дали ним им се допаѓаат или не, без оглед дали тие еден ден ќе се срамат од своите фотографии кои нивните родители инстаграмџии веќе ги објавиле на социјалните мрежи, има такви кои едноставно бомбардираат со фотографиите од своите деца па дури им отвараат и посебни блогови кадешто сите кои сакаат можат да го следат нивниот напредок и развој.

„Споделувањето“  нова дилема на модерните родители, кои ги споделуваат фотографиите од своите бебиња преку социјалните мрежи, најчесто Фејсбук и Инстаграм. Многу од нив не гледаат ништо лошо во ова. Сакаат да се пофалат, сакаат со другите да ја споделат својата среќа, сакаат роднините и пријателите кои ги сакаат да видат како нивните малечки растат од ден во ден.

Но не е сѐ толку наивно како што изгледа на прв поглед.

Како вашите постови и фотографии ќе влијаат на вашите деца во иднина, што ако тие ви забележат за ова кога ќе пораснат, дали му штетите на детето, дали ги преоѓате границите помеѓу јавниот и приватниот живот?

Иако некои се спротивставуваат на овој вид на „споделување“, многумина ги поддржуваат родителите кој на својот профил поставуваат две-три слики од своето бебе, секако, примерни слики, кои не ги затрупуваат своите пријатели со фотографии од секој секој чекор што нивното дете ќе го направи.

За жал, многу родители ги преоѓаат сите граници на нормалното.

Стручњаците сметаат дека генерациите кои се сега во 30-тите години, лесно ги прифатиле социјалните мрежи и брзо станале слободни во споделувањето на информации за себе со туѓинци. Затоа им е сосема природно да ги повлечат во тој процес сите луѓе околу себе, па така и бебињата.

На пример, ставате слика од своето дете кое е голо, кое се измоќкало или во некои навистина непријатни ситуации, а не размислувате дека еден ден, можеби кога вашето дете ќе стане славно, може да ги изнајде некој? Дека до тие слики можат да дојдат неговите другари во училиште и дека би можеле да му се потсемаваат?

Родителите одлучуваат во име на децата, тоа е јасно, но дали она што денеска ни изгледа пригодно ќе биде непримерно и ќе претставуваат проблем за децата за 10 години?

Други родители се внимателни кога станува збор за онлајн светот. Сметаат дека нивна должност е и на тоа поле да се грижат за безбедноста на своите деца. Одлучни се во тоа да не ги поставуваат сликите од децата на социјалните мрежи, а своите пријатели ги посетуваат лично или пак, ако не се во можност, користат видео-јавувања и Скајп.

Постојат и такви родители кои поставувајќи ги фотографиите од своите заболени деца бараат поддршка од другите родители, нивните совети, од оние кои минуваат низ слични проблеми, посебно ако станува збор за потешки заболувања. Таа заедница ги прави безбедни и многумина потврдуваат дека тоа им помогнало.

На што треба да се внимава?

Главниот совет околу кој многумина се согласуваат е дека роидтелите мораат да бидат секој ден свесни дека се многу важни кочниците. Повремено, некои убави и сосема пристојни слики не претставуваат проблем. Но сѐ повеќе од тоа е навлегување  на лизгав терен кој може да има лоши последици.

Некои слуѓе сметаат дека тука станува збор за тоа дека многумина сакаат признание (like, share) дека нивниот живот е совршен, дека не се обични, дека се многу посебни.

Трудете се да не ги нагласувате имињата на децата, да не блогирате детално за нивните животи, за нивните интереси, за нивните ангажмани, не ги бомбардирајте пријателите со слики од вашите деца. Има и други начини, испратете им фотографии по имејл или поразговарајте преку видео-повик, преку Скајп, итн.

Интересно е што според едно истражување, околу 75 отсто од родителите уште во првите 60 минути по раѓањето на детето објавуваат слика од бебето на социјалните мрежи. Дали сте и вие меѓу нив? Што мислите за овој тренд?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]