Првата брачна двојка со Даунов синдром е сé уште заедно и после 27 години

Бракот на Диана и Герет, двојката со Даунов синдром е посилен од кога и да било и 27 години подоцна.

0
646

Герет Тобијас имал само 17 години кога за првпат се запознал со 19-годишната Диана во нивниот локален центар во Кумбрија во 1981 година. Зборувајќи за Metro.co.uk, тј открил дека во тоа време бил во потрага. „Пред да се сретнам со Диана имав три девојки. Ја одбрав вистинската, а тоа е Деана“.

Герет (55), кој работи три дена во неделата во Морисонс, потврдил дека тоа било „љубов на прв поглед“. На прашањето каков бил бракот низ годините, тој рекол: „Се усогласив со Диана. И таа се усогласи со мене“.

Се чини дека Диана (57) ја дели истата смисла за хумор како и Герет. Таа изјавила дека првпат кога го видела била „погодена“ од неговата црвена коса.

Она што почнало како пријателство наскоро расцветало во љубовна врска, но нивните семејства не знаеле колку е тоа сериозно сé до 10 години подоцна.

Мајката на Герет, Ен Тобијас (80) рекла: „Не знаевме многу за нивната врска сè додека не започнаа да зборуваат за венчавка“.

Герет додал: „Отидовме на одмор во Блекпул и таму се свршивме. Тоа беше на роденденот на Диана“.

На крај, вљубените стапиле во брак пред 40 пријатели и семејството на 4 јули 1992 година. Ова го прави бракот на Герет и Диана најдолг од која било друга двојка со Даунов синдром. Единствените други двајца што се приближуваат се Пол и Крис Шарун-Де Форг, од Сиракуза, Њујорк, чиј 25-годишен брак за жал завршил со смртта на Пол минатата година, и Маријана и Томи Пилинг, од Есекс, кои се во брак 24 години. Сеќавајќи се на среќниот ден пред сите тие години, Ен рекла: „Беше толку убава. Тие беа толку подготвени за тоа, и двајцата ги знаеја нивните завети од срце. Беа апсолутно прекрасни“.

Ен признала дека имало „подеми и падови“ низ годините, но дека тие имале среќен живот.

Текстот и фоторафиите се од ТУКА.

Фото: Тим Фишер за Metro.co.uk

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]