Децата со попреченост ќе изучуваат специјална Билд-Ап програма со Лего коцки

Young Engineers од Скопје Македонија, Филозофскиот факултет преку Институтот за специјална едукација и рехабилитација, како и Здружението „Во мојот свет“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој трите страни се согласуваат дека програмата Build-Up на Young Engineers со LEGO® коцки ќе може да едуцира и да се применува кај деца со попреченост.

0
83

Во центарот „Во мојот свет“ кој работи на ран третман, па бројката на децата над 6 години е мала, во пилот-програмата за Билд-Ап со Лего коцки беа вклучени 11 деца на возраст од  4,5 до 7 години. Со оглед на тоа дека програмата е наменета за деца над 6 годишна возраст, очекувано, подобри резултати се постигнати кај децата на возраст од над 6 години. Охрабрува фактот дека и кај групата помали деца програмата делува стимулативно и има резултати на сите полиња на процена.

„Како застапник на официјалните програми за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки на Young Engineers во нашата земја и прва лиценца на Балканот од 2017 година па наваму, многу ни е важно да понудиме еднаква можност за сите деца да бидат дел од оваа стимулирачка програма во нивниот развој а особено сакаме да истакнеме дека програмите се и инклузивни. Покрај овие иницијативи, Young Engineers Скопје има и редовни програми во текот на школската година, за кои во моментов имаме отворени уписи за сите заинтересирани деца и родители кои ја препознаваат вредноста на ваквата интернационална, наградувана и статистички проверена едукација“, вели Сашка Теодосиевски, основач и директор на Young Engineers Скопје Македонија.

Според доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација од Филозофски Факултет, програмата Build Up на Young Engineers за деца со попреченост, а особено кај деца со аутистичен спектар на нарушување, може да биде корисна и во функција на подобрување на третманот. Лего коцките ги препознаваме како убава алатка во усвојување на социјални вештини, градење и решавање проблеми.Специјален едукатор и рехабилитор од тимот ја помина обуката и ја спроведе едукацијата на децата опфатени со третман во центарот. Програмата Build Up на Young Engineers е одлична можност за интеракција со другите, децата учат за време на игра и низ забава. Задачи кои ги поставуваме пред нас во текот на работата со деца со намалено внимание и аутистичен спектар на нарушувања се: поттикнување на комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината моторика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола и вештина за снаоѓање во различни ситуации. Последната фаза од програмата предвидува соработка, што е многу важна вештина кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Соработката во текот на работата со лего коцки, децата подоцна ја пресликуваат и во реална средина (на детско игралиште, на училиште). Децата најдобро учат низ игра.

Кај половина од децата има значително подобрување во вербалната или невербалната комуникација. Во делот на тестирањето беше вклучена и  проф. д-р Софија Георгиевска, психолог од Институт за социјална работа и политика.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]