Малолетниците можат сами да одлучуваат за промена на полот

Според законот во соседна Србија, децата со полни 15 години можат сами да дадат согласност за оваа операција, па така, во едно белградско семејство родителите се соочиле со неможноста да учествуваат во одлуката на нивната малолетна ќерка за промена на полот. Според Ирена Смиљанска од македонското Министерство за труд и социјална политика, ова прашање сѐ уште не е уредено во нашето законодавство. 

0
691

„Јас сум родена во погрешно тело и сакам да го сменам полот“.

Ова е реченицата со која 16-годишното девојче го сменило од темел животот на едно белградско семејство. Кога после почетниот шок нејзината мајка ѝ одговорила дека нема да може да го направи тоа без нејзина согласност, тинејџерката ѝ го цитирала членот од Семејниот закон кој експлицитно вели дека „дете кое наполнило 15 години и кое е способно за расудување може да даде согласност за преземање на медицински зафат“.

Како е можно 15-годишно дете да не може да гласа или да вози автомобил, но може да го смени полот, поставува реторичко прашање нејзината мајка Александра М.

„Забележав дека мојата ќерка се срами од градите и од женските облини, дека се повлекува во себе и поминува многу време на интернет, но сето тоа го препишав на адолесцетската фаза на трагање по идентитетот.

Меѓутоа, кога ја прашав зошто ги преврзува градите со силен стегач, ми ги соопшти идеите кои ѝ се врткаат низ глава. Откако се пробравме од шок и од страв, сопругот и јас ја одведовме на Клиниката за адолесцентна психијатрија, кадешто стручњаците рекле дека станува збор за адолесцентна криза. Тоа е единствено што во овој момент ми дава сила да се борам против системот кој на децата им дозволува да се впуштаат во опасни хормонски експерименти и да се одлучуваат за радикални операции на своето тело без согласност на родителот.

Свесна сум дека одреден број луѓе на планетата имаат чувство дека живеат во погрешно тело и подготвена сум да го прифатам фактот дека мојата ќерка е наклонета кон сопствениот пол, но шокирана сум од фактот дека нашите закони му дозволуваат на дете со навршени 15 години може самостојно да донесе одлука за стерилизација и сакатење на гениталиите“, вели оваа мајка.

Александра М.истакнува дека во разговор  со ќерката сфатила дека таа ја добила својата претстава за трансроден идентитет и идејата за смена на полот пребарувајќи на интернет кадешто има изобилие од псевдопсихолошки тестови чие решавање, наводно, помага да откриеме дали сме родени во вистинско или во погрешно тело, но и нереални приказни за леснотијата на смената на полот.

„Тие текстови на интернет во суштина манипулираат со родовите стереотипи. На пример, во еден од нив се вели дека ако девојчето носи пантолони, ги вади шноличките од косата и си игра со автомобилчиња, тоа значи дека е момче заробено во тело на девојче. Па тоа е суспензија на здравиот разум.

Колку девојчиња си играат со автомобили и одбиваат да ја врзуваат косата во кики? Дали сите нив треба да ги носиме кај пластичен хирург?

Тинејџ културата е силно одбележана со трансродови ликови, а јутјуб е преполн со видео-клипови во кои се истакнува дека по промената на полошт ќе доживеете волшебна трансформација на душата и самоуверено ќе тргнете во нов живот. Не се прикажуваат лузните од операцијата и никој не зборува дека промената на полот е синоним за стерилизација и осакатување  на здраво тело. Се користат еуфемизми од типот „горни операции“ или „адаптација на телото на душевната состојба“, а не се зборува за оскатените гениталии и фактот дека нема да може ниту да уринира без проблеми, а камоли да има нормален сексуален живот“, вели оваа мајка.

Таа е преплашена од фактот дека хормонската терапија која ѝ претходи на операцијата на полот е пат во еден правец. Девојчињата кои почнуваат со хормонска терапија добиваат длабок глас и влакна по телото и неретко ја губат и косата, а на момчињата не им растат полните органи … Кај двата пола се запира развојот на гениталиите и секундарните полови карактеристики.

Весна Брзев Ќурчиќ, психолог и психоаналитичар која со децении работи со адолесценти, вели дека е за младите вообичаено да еспериментираат со својата сексуалност.

„На патот од пубертетот кон адолесценцијата, телото е енигма за адолесцентите. Големите промени на телесен план ги збунуваат, некои и ги плашат. Сите овие промени создаваат збрка во главата и се случува тие да не се сигурни во својата сексуална ориентација.

Уште повеќе поради тоа што страсните пријателства помеѓу самите девојки и самите момчиња се попрво правило отколку исклучок. За повеќето млади тоа е минлива псевдохомосексуална фаза која кај некои може да предизвика  страв, па и паника.

Со созревањето се воспоставува сексуална ориентација која е потоа главно стабилна“, вели Брзев Ќурчиќ.

Иако по законот петнаесетгодишниците можат самостојно да носат одлуки за промена на полот, таа истакнува дека во пракса ниту еден стручњак нема да одобри ваква интервенција кај малолетните лица.

„Постои Комисија формирана од Министерството за здравје, а ја сочинуваат стручњаци кои се прашуваат во вакви случаи. Тоа не важи само за адолесцентите, туку и за полнолетните лица“, вели Весна Брзев Ќурчиќ.

Во Србија годишно се извршуваат помеѓу 10 и 15 операции за промена на полот. Досега, најмладиот пациент имал 18, а најстариот 68 години.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]