Овошјето, освен што е вкусно и хранливо, го подобрува и апетитот. Сокот и овошјето се богати со витамини и минерали. Но целите плодови овошје нудат некои предности, затоа што се добар извор на влакна, за разлика од соковите. Иста количина овошје има помалку калории од сооветната количина сок. Затоа, кога станува збор за деца, секогаш треба да се проба со цело овошје, а за пиење нека се користи обична вода. Ако детето јаде препорачана дневна количина овошје, сок не му е потребен. Препорачаната количина овошје за еден ден изнесува две до три порции, а една порција сочинуваат портокал, банана, јаболко, пола шолја сечкано овошје.
Овошјето треба да се даде за десерт во вид на овошна салата или за ужина. Но, бидејќи некои деца не сакаат овошје, сокот е единствен начин да земат замена. Количината сок треба да се ограничи во првата година на 120 мл, а подоцна до 180 мл (од две до шест години) и секогаш треба да се разблажи со вода. Поголема количина сок води кон дебелина, појава на кариес, а може да создава и пречки во стомакот.
Земањето поголема количина сок го намалува апетитот за млеко и друга храна. За деца секогаш бирајте 100-процентни овошни сокови, затоа што некои содржат помалку од десет отсто полн сок, па иако можат да бидат збогатени со витамин Ц, сиромашни се со минерали, а богати со шеќер. А најдобро би било на децата да им се даде цеден сок од свежо овошје.
Фото: Pixabey