Дали ако им плаќаат на мајките, ќе се зголеми бројот на доени деца?

Новата студија објавеnа вo списанието JAMA Pediatrics открива дека постои уште еден начин да се зголеми процентот на доени деца – плаќање на доењето. Што мислите, дали тоа би го зголемило бројот на доени деца?

0
149

Една од често истакнуваните предности на доењето е тоа што е бесплатно. Нема купување млечна формула, шишенца, стерилизатор…Природата едноставно сѐ прави сама.

Меѓутоа, не се сите трошоци парични, а тоа добро го знаат мајките што доеле. Доењето бара енергија и време, а за вработените жени, истрајувањето во доењето често може да влијае на кариерата и финансиската состојба на семејството.

Овие „скриени трошоци“ на доењето можат да се обвинат за релативно ниско учество на мајчиното млеко во исхраната на бебињата ширум светот. Имено, извештајот на Светската здравствена организација покажува дека ниедна држава на светот не ги исполнува препорачаните стандарди кога станува збор за доењето.

Промовирање на доењето се прави на различни начини веќе со години, но резултатите од тие кампањи не се баш охрабрувачки. Меѓутоа, новата студија објавена во списанието JAMA Pediatrics открива дека постои уште еден начин за да се зголеми процентот на доени деца – плаќање на доењето.

Во истражувањето научниците се обиделе да утврдат што би се случило кога во областите во кои процентот на доени деца е помал од 40 проценти, на мајките би им било плаќано да ги дојат своите бебиња. Повеќе од 10.000 мајки од Англија ја добиле следната понуда – ако своето бебе го храните исклучиво со доење, ќе бидете наградени со ваучери од 50$ за купување на потрепштини за бебето.

Се покажало дека финансискиот поттик имал ефект – плаќањето на доењето довело до пораст на бројот на доени бебиња.

Како што велат авторите на студијата, доењето е особено слабо распространето помеѓу сиромашното население во богатите земји, кои имаат доволно пари на овој начин да влијаат на начинот на исхрана на бебињата.

Франција е уште една земја која успешно го користи финансискиот поттик за да го промовира доењето, нудејќи им на мајките кои дојат платен одмор.

Слични се резултатите и од истражувањето спроведено во Порторико, кадешто „бонусите“ за доењето значително го зголемиле процентот на мајките кои дојат во текот на првите шест месеци од животот на бебето.

Доењето е значајно за општеството, затоа што доените деца помалку се разболуваат  и помалку страдаат од хронични здравствени проблеми. Проценката на СЗО е дека зголемувањето на стапката на доењето  би можело да спаси 520.000 детски животи годишно и да заштеди 300 милијарди долари во следната деценија во трошоци за лекување.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]