Како да ги поттикнете своите деца да јадат сѐ?

Актерката Џенифер Гарнер смислила забавна игра која може да им помогне на сите родители чии деца се пребирливи кога станува збор за храна

0
384

Следниот пат кога на своите деца ќе посакате да им понудите храна која не ја пробале дотогаш, можеби би можеле да го пробате овој трик на глумицата Џенифер Гарнер.

Како што пишува списанието Пипл, оваа мајка на три деца, ќерките Виолет (13) и Серафин (10) и синот Самјуел (7), креирала игра која ја нарекла „Ми се допаѓа, го сакам тоа, сакам уште!“. На тој начин испробувањето на новата храна би можело да стане забавно.

Кога и да ги замоли своите деца да пробаат залак од некое јадење кое никогаш не го пробале, тие бараат од неа да ја играат оваа игра.

„Земаат залак, а потоа како коментатори презентираат каков е вкусот“, рекла Гарнер.

Договорот е децата да кажат „ми се допаѓа“, дури и ако вкусот на храната не им се допаѓа, но ако навистина им се допаѓа, мораат да кажат „го сакам тоа“, додека пак „сакам уште од тоа“, значи дека навистина сакаат уште.

Џенифер од искуство знае колку е тешко да се нахранат пребирливи деца, но овој пристап го смета за позабавен начин за да се наведат децата да пробаат нова храна.

„Колку повеќе се трудите околу оброкот, помала е веројатноста дека ќе го изедат. Кога навистина ќе се потрудите да испробате нешто нов, тие велат: ‘Не сум гладен, фала’. Трикот е во тоа помалку да се грижите“, објаснила таа.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]