Руски невролог: Најголемиот проблем на денешните деца се нивните прстиња

Дали им давате на своите деца да обликуваат глина и да користат ножички?

0
761

Рускиот невролог и психолингвист Татјана Черниговскаја открива зошто е важно во детството доста да работите на развојот на фината моторика кај децата.

„Соочени сме со многу тешка задача – се наоѓаме на крстопат помеѓу личности кои пишуваат текстови според научни трудови и читаат квалитетни книги, и личности кои читаат „хипертекстови“, воопшто не знаат да пишуваат, се угледуваат на познати личности и не знаат основна граматика“, вели научничката.

Постојано се зборува за тоа каква е денешната младина, дека новите генерации се сѐ полоши, понеписмени, побезобразни…Татјана Черниговскаја има обаснување:

„Важно е да сфатиме дека ваквите личности имаат поинаков мозок. Нам тоа ни се чини интересно и изгледа како да нема опасност. Но опасност постои.

Ако мало дете кое тргнало во училиште не научило да пишува убаво, ако не се навикне на мали, деликаттни движења со пенкалото, ак во градинка ништо не обикувало, ако не знае да ракува со ножички, не знае да ниже перли на конец, тогаш неговата фина моторика не е развиена“.

Сето тоа подоцна се одразува и на функциите на говорот и дикцијата. Ако не развиете на време фина моторика кај децата, немојте подоцна да се жалите затоа што мозокот не им работи“, порачала научничката.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]