Од лично искуство: Како не треба да се однесувате кон болните од рак

Млада жена и мајка, и еден од големите борци, победник во битката со најголемиот и најпознат масовен убиец кој коси ширум светот, Бранкица Раковиќ, ревносно и храбро ги споделуваше со јавноста сите поглавја од својата најголема животна борба – борбата за гол живот. Меѓудругото, и овие упатства, но и најважното: Сакајте! Не се штедете, не сечете и не мерете „она мене волку пати, сега јас морам да чекам затоа што јас повеќе“! Сакате да бидете со некого? Со кој и да е? Јавете му се...

0
597

Гордо, насмеано, оптимистички, јасно и гласно му се спротивстави на карциномот, а својата битка со него ја биеше јавно. Гордо ја носеше својата нова „фризура“ која ја имаше како последица од хемотерапијата, но и волшебата насмевка која зрачеше со сила, онаа мајчинската, затоа што сака нејзината Лола да расне покрај неа.

Бранкица Раковиќ е маркетиншки стручњак од Бања Лука, креатор на интернет списанието „Лола“, мајка, сопруга, обична жена која твитер заедницата ја обожува. Кога открила дека има канцер, јавно и без страв пишуваше и зборуваше за тоа, а луѓето ја следеа и навиваа за неа.

На почетокот од оваа година, во јануари, таа напиша:

Го нема!

Мртов е!

А јас повторно жива!

ГО НЕМА ТУМОРОТ после година ипол

Фала ви на сите убави желби и мисли

Одам да се исплачам.

Токму таа Бранкица Раковиќ напиша и упатства за тоа како не треба да се однесуваме кон болните луѓе. Се разбира, од лично искуство. Но и она најважното:

„Сакајте! Не се штедете, не сечете и не мерете ‘она мене волку пати, сега јас морам да чекам затоа што јас повеќе’! Сакате да бидете со некого? Со кој и да е? Јавете му се, пишете му, посетете го, изненадете го – досаѓајте му – само не си ја полнете главата со мерење кој кому колку и кога.“

  1. Не ги гледајте луѓето со рак како оние кои умираат. Не умираме. Се бориме. И вашиот поглед со кои однапред не погребувате воопшто не ни помага.
  2. Не, не го добив ракот затоа што го „привлеков“, не дојде од мојата глава, не сум ЈАС виновна затоа што го добив. Ми се случи. Подобро мене, отколку на некој што го сакам.
  3. Ќелавите луѓе се убави луѓе. Не се чудни, не се заразни, не се кутри, не се ништо од тоа што го има во тој кутар поглед во ќелавата глава. Четири пати ми паѓаше косата. Тоа е доволно стрес, на ниту една ќелава личност не ѝ треба уште тоа чудење кога ќе се осмели ќелава да излезе надвор.
  4. Не постојат зборови кои помагаат кога ќе се разболиш. Затоа што сите го повторуваат истото. Верувајте ми! Знам дека сето тоа е од добри намери. Но не се расфрлајте со флоскули колку нешто да кажете. Направете нешто, Помогнете. Одменете. Израдувајте. Бидете тука. Само не филозофирајте.
  5. Не постои наин некој да ви прераскаже како се чувствува додека минува низ сета таа неизвесност. Атоа немојте ни да инсистирате. Пред да дојдете кај лицето кое има рак смислете (навистина) некои интересни теми, интересни луѓе, нешто од што се насмевнувате, нешто што ти помага да сфатиш дека, сепак, животот е убав.
  6. Не ја прашувајте личноста која минува низ терапија ШТО ПРИМАШЕ? Што добиваш од тоа? Го знаеш ли составот? Знаеш ли како делува? За нешто ќе ти послужи таа информација? Нема. Знаете и самите. Примала, приила дај Боже никогаш веќе не примила.
  7. Ракот е моја работа. И МОЈА работа е како ќе се справувам со него. Ако личноста молчи, не ја терајте да зборува за тоа. Ако личноста пишува за тоа, поддржете ја. Ако има каков било друг начин на справување со ситуацијата на СВОЈ начин – браво. Секој начин е супер начин.
  8. Никој од нас не е херој. Никој од нас не барал да се бори. Никој од нас не барал да остане без ова или она, без работи кои се ненадоместливи. ЕТе, ние сме поминале поинаку кога се делеле картите. И ќе победиме.
  9. Радувајте му се на секој нов ден со личноста која е болна, а потоа и со личноста која добива наод дека гомното веќе го нема. Вашата радост нека биде заразна, нека блеска, нека пука. Секоја личност нека знае дека е важна, потребна и нечија.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]