Пореметување во исхраната кај тинејџерите

Сé повеќе тинејџерки па и мали девојчиња паѓаат под влијание на рекламите, сериите и списанијата кадешто убавината и здравјето се изедначуваат со совршената фигура. Тоа може да доведе до разни пореметувања во исхраната, а најчесто до анорексија и булимија.

0
295

Додека некои родители се борат да ги зачуваат своите деца од овие болести, други и самите паѓаат под влијание на медиумите, а некои со својот став и ги доведуваат своите  деца во таа состојба.

Најпознатите пореметувања од овој вид се анорексијата и булимијата. И тие болести не се детска играчка. Тие можат да дојдат во „пакет“ или одвоено, но многу е важно да ги препознаете на време.

Анорексија

Оние кои страдаат од анорексија обично се за 15 отсто послаби од својата идеална, здрава килажа. Имаат голем страв од дебелеење, но и искрвен поглед на својот изглед и тежина, а им се јавуваат и нередовни менструации.

Обично ги погаѓа тинејџерките на возраст од 13 до 14 или од 18 до 18 години. Сé уште не е точно утврдено како и зошто се појавуваат, но ги поврзуваат токму со форсирањето на медиумскиот идеал и со држењето строги диети.

Булимија

Ја карактеризира консумирањето големи количини храна, после што следува повраќање, поради чувството на вина.

Лицата кои страдаат од булимија не можат да ја контролираат количината на храна која ја јадат во текот на денот, обично користат лаксативи, диетални пилули, често повраќаат и повеќе го вреднуваат изгледот отколку карактерот.

Следете ги симптомите кај своите деца. Проверувајте да не консумираат некои таблети за слабеење, разговарајте со нив, следете ги нивните ставови, дали пречесто зборуваат за килажата и дали ги вреднуваат лицата исклучиво на основа на нивниот изглед.

Може да се случи детето да ја крие храната, да е депресивно, бледо, кожата да му добила жолта боја, да има проблеми во училиште, да крие таблети за сузбивање на апетитот, да повраќа често, да го интересираат само магазини и интернет содржина во којаможат да најдат информации за диетите, за слабеењето.

Ако ги забележите овие симптоми, разговарајте со своето дете и одведете го на лекар. На тинејџерите не им се потребни диети. Тие се во развој, па ако забележите дека се храни нездраво, ако е мрзливо и неактивно, разговарајте со него и предложете му некои здрави активности, заедно подготвувајте здрави оброци, внесете повеќе зеленчук во исхраната. Тоа ќе биде добро и за него и за целото семејство.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]