Дали би го оставиле своето дете во шума?

Холанѓаните го прават тоа. Ги учат децата да не зависат премногу од возрасните, а возрасните се учат да им дозволуваат на децата сами да ги решаваат своите проблеми.

0
122

Остерлиц, Холандија.

Малку после 22 часот навечер, автомобил запре на работ од шумата. Вратата се отвори и од автомобилот излегоа три деца: двајца русокоси 12.годишници и 15.годишно девојче со плетенки и ранец ишаран со емотикони. Возачот потоа даде гас и си замина.

Трите деца беа толку ситни додека одеа низ шумата, со километри далеку од летниот камп на кој одеа. Следеа стар ЏПС уред кој им покажуваше во кој правец треба да одат. Беше темница. И беа сами. Ја гледаа темнината: дали е ова вистинскиот пат?

Би можел да биде“, вели Томас, водачот на екипата.

Потоа влегоа во шумата.

Оваа холандска традиција подразбира децата во предтинејџерска возраст, најчесто во групи, да се оставаат во шумата од каде потоа треба самите да го најдат патот до базата. Ова би требало да биде предизвик, а авантурата главно почнува околу два или три часот наутро.

Во некои варијанти од предизвикот до некаде инспиририран од воените вежби, возраните ги следат децата, но не им помагаат да се снајдат, иако понекогаш како траги им оставаат шифрирани пораки. За да биде предизвикот потежок, организаторите понекогаш им ставаат на децата повези преку очите додека ги возат до местото од кое почнува нивната потрага. Понекогаш дури и се кријат во грмушките и произведуваат звуци кои наликуваат на оние на диви животни.

Ако ви звучи лудо,тоа е затоа што не сте Холанѓани. Холаѓаните поинаку го перцепираат детството. Ги учат децата да не зависат премногу од возрасните, а возрасните се учат да им дозволуваат на децата сами да ги решаваат своите проблеми.

Предизвикот во шума, т.н. „dropping, ги претставува овие пронципи во екстремна форма и се води од идејата дека дури и за децата кои се уморни, гладни и дезориентирани е возбудливо да бидат водичи. Возрасните имаат убави сеќавања на своите шумски авантури.

Рик Удега, 22.годишен водич на извидници, се потсетува како го запрела полиција бидејќи возел по едносмерна улица до местото од кое децата требало да тргнат во потрага. Срцето му прескокнало затоа што, вели, направил нешто противзаконско.

Полицајците ѕирнале на заднот седиште кадешто седеле четири децасо рзани очи, што исто така, додава Удега, не е дозволено.

Се обиделда остане смирен и накусо кажал каде се упатил.

Се погледнаа, а потоа се насмеаја и рекоа: ‘Ви посакуваме пријатна вечер. И обидете се да се придржувате до правилата“.

Децата во Остерлиц влеоа во шумата, а од тлото се ширеше мирисна борови иглички. На небото никна полумесечина. Неколку минути се слушаа автомобилите од блискиот оат, но бучавата брзоја снема.

Таа ноќ првпат во шумата тргна Стијн Јонгенвард, 11.годишно момче кое тврди дека англискиот јазик го учел со помош на игрите Minecraft и Hawaii Five-O. Дома го минува слободното време пред својот Плеј Стејшн.

Неговата мајка Тамара вели дека дошло време и тојда сенаучи на одговорност и дека „dropping“ претставува чекор кон тоа.

Стијн има 11 години. Временска рамка во која можеме да го научиме на нешто полека се затвара. Влегува во адолесценција, а потоа ќе мора сам даодлучува за својот живот“.

Откако одеа околу половина час, свртеа од патот подлабоко во шумата, а потоа застанаа на неколку минути. Десет метри понатаму, нешто шушкаше во грмушката и децата се исплашија. Елен.

Ваквите извиднички авантури се нормален дел од детството кај Холанѓаните во толкава мерка што тие речиси по правило се изненадуаат кога некој ќе ги праша за тоа.

Пиа де Јонг, холандска писателка која ги одгледувала своите деца во Њу Џерси, наведува дека оваа традиција одразува еден дел од филозофијата на родителството својствена за Холанѓаните: „Едноставно пуштете гидецата во вистинскиот свет. Сеако, погрижете се за тоа да не умрат, но освен тоа, оставете сé друго на нив, мораат сами да го најдат својот пат“.

Пиа де Јонг (58) почнала да го преиспитува мислењето дека оваа традиција е забавна.

Замислете да се изгубите и да немате поим каде треба даодите“, вели Пиа.

Можеби сте изгубени 10 часа, можеби цела ноќ, немате претстава, доцна е долго сте оделе. И сите се по малку исплашени“.

Потоа замислено застанала. „Всушност, не мислам дека е убаво да им се прави тоа на децата“.

Децата кои одеа во шума во 2011. и 2014.година се повредени во сообраќајни несреќи откако автомобилите ги удриле додела талкале по патот. Тогаш е оваа практика била построго регулирана. Тимот на децата носи мобилен телефон за случај на потреба, а извидничките здруженија налагаат учесниците да носат елеци поради видливост и нудат насоки.

Извидничките водачи неодамна зборувале за „папирологијата“ и за тоа како е детството сега помеко од порано.

Друштвото се менува“, вели Удега, но сржта на оваа холандска традиција е иста. „Така се чувствувате како да сте главни“.

Стијн и другите две деца во 1 часот после полноќ, после три часа пешачење се премногу исцрпени за да разговараат.

Поминаа 15 минути, а потоа уште 15, и немаше никакви знацидека се воопшто близу до кампот

Моите родители сега спијат“, вели Стијн. „Мојата сестра спие. Мозокот ми е уморен. Стапалата ми се уморни“.

Едно момче се откажува на половина пат, а тоа како дополнително да ги поттикна останатите во одлучноста да дојдат до крајот.

На пола пат, децата добиваат грицки и вода, но за возврат реба да се откажат од ЏПС-от. Сеедно, никој не се жали. „Продолжувам“, вели Стијн. „Не знам зошто, но продолжувам“..

Беше близу два част после полноќ кога конечно стасаа до кампот. Запалија оган и испекоа колбаси. Ја изедоа доцната вечера, некое време го гледаа огнот, а потоа отидоа во своите шатори.

Кога следното утро околу 11 Стијн се разбуди, се сметаше себеси за ветеран. Повеќе не му недостасуваше неговиот Плеј стејшн. Еден ден, кога ќе има свои деца, вели,и нив ќе ги испрати во оваа авантура.

Тоа ве учи и тогаш кога е најтешко да продолжите напред, да продолжите да одите“, вели Стијн. „Никогаш претходно не сум морал да го направам тоа“.

Текстот е преземен од ТУКА.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]