Дали и вие би го тренирале своето дете како куче? (ВИДЕО)

Телевизискиот Channel 4 неодамна почнал да го емитува шоуто „Train Your Baby Like a Dog“, а веќе предизвикува контроверзи. Имено, проблематичните однесувања кај децатa водителката Џо-Рози Хафенден има намера да ги поправи со техники кои инаку се користат за тренирање на кучиња. Ова ја поделило јавноста. Што мислите вие за ова?

0
85

Луѓето со петиција побарале укинување на емисијата дури и пред да се емитува првата епизода и во краток рок собрале повеќе од 25 илјади потписи.

Џо-Рози Хафенден гостувала во емисијата Good Morning Britain за да го објасни својот контроверзен метод.

„За жал, луѓето кои пишуваат петиции и грди коментари имаат проблематично минато“, смета Хафенден, чиј метод вклучува наградубање на доброто однесување и казнување на лошото.

Епизодата трае еден час, а гледачите ќе можат да видат како Хафеден ќе им помогне на родители чие тригодишно дете минува низ насилни изливи на бес и како да излезат на крај со 18-месечно дете кое не сака да спие во своето креветче.

Џо-Рози Хафентелевизиски емисии и напишала три книги за тоа. Има и диплома од психологија. И самата е мајка и тврди дека овој метод  кој го спроведува бил делотворен и за нејзиното дете.

„Она што го знам за однесувањето на животните, го применив на својот тригодишен син Сантино“, вели таа.

Д-р Ник Вагет кој се занимава со детска психологија за HuffPost изјавил дека не се сложува со овој метод.

„Самата идеја родителите да го тренираат или да го третираат детето како куче е многу вознемирувачка. Тоа е нехумано кон децата и може да им наштети и да има сериозни последици“, објаснува д-р Вагет.

Портпаролот на Channel 4 во изјавата за HuffPost објаснил дека емисијата „истражува нов пристап кон воспитувањето, а се базира на научно докажани мотивациски техники на стручњаци за родителство и однесување на животните, а целиот процес го надгледува детски психолог“.

Фото: Channel 4

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]