Оние неколку килограми собрани околу половината е навистина од посебна важност кога станува збор за нашето здравје. Новата студија заклучила дека мастите насобрани во пределот на стомакот можат да му наштетат на здравјето на жените, дури и ако нивниот индекс на телесна маса (BMI) не укажува на дебелина.
Голем обем на струкот = знак за узбуна
Ваквите собрани маснотии се нарекуваат стомачни или висцерални маснотии, а доаѓаат со значајни здравствени ризици.
Висцералното масно ткиво досега длабоко во стомачната празнина па допира и до внатрeшните органи. Поврзано е со метаболички пореметувања, како и со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.
Концентрацијата на масти околу стомакот може да го загрози здравјето дури и ако BMI индексот исклучува класифицирање во групата на дебели луѓе, објаснува д-р Веи Бао, професор по епидемиологија на Универзитетот во Ајова и водач на студијата.
Имено, резултатите покажале дека големата големина на струкот – околу 90 цм или повеќе – значително го зголемува ризикот од рана смрт за жените постари од 49 години, дури и кога имале нормален BMI.
Во новата студија, истражувачите следеле податоци за повеќе од 156.000 жени во САД, на возраст од 50 до 79 години. Жените за кои се сметало дека имаат нормален BMI, но имале големи вредности на обемот на струкот, имале 31 отсто поголем ризик од смрт, во текот на периодот на испитување, во споредба со оние со нормален BMI, но помал обен на струкот.
Две главни причини за смрт кај лицата со нормален BMI индекс, но со поголем обем на струкот, биле болестите на срцето и рак поврзан со дебелина, се на наведува во извештајот објавен на порталот JAMA Network Open.
Како да се ослободите од стомачното сало?
Како мерењето на обемот на струкот помага да се разбере составот на телото? Поголемиот обем на струкот укажува на насобирање на масти во абдоминалниот предел. Кај лицата кои имаат нормален BMI, но поголем обем на струкот, можно е да се претпостави дека поголем процент од таа тежина доаѓа од мастите, а не од мускулите.
Овој вид висцерална маснотии е тесно поврзана со хроничното воспаление во телото, вишок на производство на инсулин и инсулинска резистенција. Тие три фактори заедно го зголемуваат ризикот од дијабетес и срцеви болести, а научниците воочиле и дека висцералните масти имаат влијание и на имунолошкиот систем.
Во елиминацијата на стомачната маснотија (а со тоа и на ризик факторот) од голема важност е редовната телесна активност (30 до 60 минути дневно), па прилагодената исхрана базирана на сложени јагленохидрати, овошје и зеленчук, целовити житарки и добри масти.
Единствено таков пристап може да го стопи стомачното сало и да ги елиминира сите компликаци кои доаѓаат со него.
Фото: Pixabey