Наскоро почнува училиштето и моето „дрндање“ со цел одржување на доследност на родителскиот авторитет не запира, освен кога спијам. Не можам да се сетам дали јас сум била такво дете, не се сеќаваат ниту моите родители дека ме опоменувале на 13 години да си ги измијам забите.
Наутро, пред да тргнам на работа имам на списокот уште една ставка: да го земам со себе кабелот за интернет. Тоа е единствен начин децата да се вратат во реалноста во која постојат тетратки, книги и моливи. Сите останати методи се безуспешни.
Почнавме да работиме на меѓусебна, домашна комуникација. И натаму инсистирам на благодарам, молам, важи мама, на ќе се потрудам, на не се грижи…
Строго забранувам било кој да ми се обрати со брате, да се негодува со пцуење, да се доаѓа до целта такашто ќе се турне братот-сестрата, па тој тебе, па не си ти виновен туку таа прва почнала, домашните работи да се само мои, затоа што не живеам само јас во оваа куќа, да се прошета кучето без да ви се јавувам од работа и љубезно да ве змаолам да го направите тоа, да го понудите со чај или супа својот болен брат или сестра.
Ќе ве научам јас вас што е емпатија, и дека вашето газе не е најважно, најгладно и најжелно за благо на светот. Не мора да се изеде цела тегла Нутела за ден
Дека не ви е само вам тешко зашто ве маѓепсала вилата Пубертетка, па сите мора да газиме по јајца додека не помине ударот на лудилото и акните сред чело. Ќе ве научам да го поделите секое парче леб во куќата, затоа што се однесувате како гладни шаали кога ќе извадам на масата било што што не е боранија.
Дури и да ми е последно, ќе имате високи критериуми за уредна куќа, затоа што во спротивно ќе биде моја вина затоа што сте такви. Де не те научила мајка ти, мајка ти е аљкава, затоа си и ти. Е нема!
Нема да ми одговараш на секоја молба со: зошто баш јас? Затоа што е ваш ред ваше височество. Во табелата со распоред за миење на ВЦ шолја вашиот ред е денес. Симнете ја круната, ставете гумени ракавици и исчистете го ова ценето ВЦ, да свети.
Важи мамо, нема проблем, е единствениот прифатлив одговор на молбата за било каква помош што ќе ја побарам. Било каква.
Важно е да запамтите дека сме ние тим, а не јас против вас и вие против мене.
Кога повеќе нема да ви бидам потребна, останувате вие како тим, а јас како горд пензионирам тренет на успешна мала репрезентација. Сакам да седам на клупа и задоволно да гледам дека целото мое зборување имало смисол, секој покачен тон бил на место и непрегледно море на поддршка за сѐ и сешто ве научило да пливате во сите стилови.
Има денови кога сакам едноставно да се откажам од сѐ и да заминам некаде кадешто никој не ме знае и кадешто е мир и тишина, но мојата совесност не ми дозволува да бидам „онаа што заминала и ги оставила своите три деца“..
Ќе се борам јас уште, но се надевам сѐ помалку. Вклучувајте се во животот, би требало да чувствувате преку мене колку е тешко таму надвор од вашите соби излепени со постери, надвор од Инстаграм и Јутјуб.
Тежок е животот овде и тоа мора да го имате секогаш на ум. Ќе се враќате од разговор за работа посрани и помочани, каква што сум се враќала јас. Затоа што планирам уште деца, затоа што немам само 3 години искуство, туку 10, затоа што тие барале маж, тој не оди на породилно…
И затоа памет во глава, книгата во раце и полека истражувајте, на пример, што има во Канада.
Децата се сакаат неизмерно, сфатете, и сѐ што велам и правам е исклучиво од љубов, моето единствено погонско гориво, неисцрпно кон вас до последното отлукување на срцето.
Уште ќе се надмудруваме ние, ви го гарантирам тоа, но или од вас ќе биде нешто што свети во темница, или нема да ме биде.
Не давам интернет, кабелот е кај мене, и на соседот му кажав дека му крадете нет и да си ја смени шифрата. Цврц.
Извор: Mondo
Фото: Pexels