Дали на 2 години децата треба да знаат да го наместат креветот, а на 4 да ја средат собата?

Некои велат дека треба. Кај нас пак, има едно чудо дваесет и двегодишни, триесет и двегодишни, четириесет и двегодишни, педесет и двегодишни,... кои сѐ уште не го прават тоа. А потоа се веќе стари...

0
456

Многу родители ја нападнале мајката која на Фејсбук објавила графички приказ за домашните обврски кои децата соодветно на возраста, треба да знаат да ги извршуваат. Меѓудругите и таа дека децата од двегодишна возраст треба да знаатда си го наместат креветот. Кај нас пак има едно чудо дваесет и двегодишни, триесет и двегодишни, четириесет и двегодишни, педесет и двегодишни,… кои сѐ уште не го прават тоа. А потоа се веќе стари…

Познато е дека е добро децата да се поттикнуваат на извршување на домашните обврски. Имено, според мислењето на Џули Литкот-Хејмс, авторка на книгата How Raise an Adult, тоа ќе им помогне да биде поуспешни подоцна во животот.

Сепак, една мајка на Фејсбук разгорила дебата помеѓу родителите откако објавила графички цртеж за домашни работи прикладни за возраст.

Така на пример, навела дека децатана возраст ид две до три години треба да можат да си го наместат креветот, да ги соберат играчките од подот, да ја сават валканата облека во кошара, да помогнат да се нахранат домашните миленици и да избришат прашина со чорапа на раката.

На 12 години пак, би требало да ги чуваат помладите браќа и сестри, да мијат прозорци, да пеглаат, да го исчистат автомобилот, да зготват едноставни јадења, да гоисчистат фрижидерот и да направат список за купување.

Многу родители ја розвале неодговорна затоа што сметаат дека се тоа преголеми очекувања.

Треба да ги учиме да чистат зад себе, а не зад другите. Ако си родител, особено ако си невработен, тогаш е тоа твоја работа“, смета една мајка.

Децата треба дефинитивно да помагаат дома, но ако го прават сето ова, што прават родителите?“ вели друга.

Има и такви кои сметаат деја децата треба дасе обидат да ги совладаат наведените работи.

Ако не го научат ова дома, каде же го научат? Тоа ќе им ја крене самодовербата и ќе бидат покорисни и ќе можат повеќе да помагаат“, додава трета.

 

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]