Јунг: Мижејќи за своите недостатоци, возрасните се фатиле да воспитуваат дете

Сѐ што сакаме да измениме кај децата би требало, пред сѐ, внимателно да провериме: да не е тоа нешто што би било подобро да го смениме во себе.

0
257

Во возрасниот се крие дете, вечно дете кое сѐ уште се формира, никогаш не е комплетно, на кое му се потребни постојана нега, внимание и воситување. Тоа е дел од човековата линост кој сака да се развива до целовитост. Меѓутоа, човекот на нашето време е оддалечен од оваа целовитост како небо од земја. Во нејасен сомнеж за својот дефект, тој се фатил за воспитувањето на детето и се воодушевува со детската психологија врз основа на омилената претпоставка, дека нешто во неговото сопствено воспитување и детски развој мора да не тргнало во добар правец, нешто што може да се искорени до следната генерација.

Оваа намера е достојна за пофалба, но осудена на неуспех, поради психолошкиот факт дека на детето не можам да му корегирам ниту една грешка која сѐ уште и самиот ја правам.

Секако, децата не се толку глупи како што мислиме. Тие и премногу добро забележуваат што е правилно, а што не е.

Бајката на Андерсен за кралската нова облека содржи бесмртна вистина. Колку родители ми ја најавиле пофалната намера своите деца да ги поштедат од искуствата кои самите морале да ги доживеат во детството.

А кога ги прашав: „Дали сте сигурни дека самите сте ги надминале овие грешки?“, тие беа потполно убедени во тоа дека кај нив ова оштетување е одамна корегирано.

Меѓутоа, во реалноста не е така.

Ако како деца биле одгледувани премногу строго, дотолку ги расипувале своите деца со невкусна, неверојатна толеранција, ако ним во детството им биле упорно криени извесни животни подрачја, овие сега им се откривани на сопствените деца исто така мачно и просветителски. Значи оделе во друга крајност.

Сѐ што сакаме да смениме кај децата, би требало, пред сѐ, внимателно да провериме: да не е тоа нешто што би било подобро да го смениме во себе, на пример, нашиот педагошки ентузијазам. Можеби ни е тој наменет нам. Можеби погрешно ја проценуваме педагошката потреба затоа што би можела непријатно да не потсети на тоа дека сме сѐ уште на некој начин деца и дека нам ни е во голема мерка потребно воспитување.

 

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]