Шпанско училиште ги учи децата на домаќински работи

На тие часови, момчињата учат да пеглаат, да шијат, да готват и да извршуваат други домашни работи, како што се поправки на водово иструја, мајсторисување околу ѕидање и столарија.

0
83

Пеглање, шиење, готвење, повеќето луѓе ги учат овие вештини дома, а не во училиште.

А можно е и поинаку – на пример, кога училиштето ќе го додаде и домаќинството на листата од предмети за да им го покаже на своите ученици, особено на момчињата, значењето на родовата рамноправност и да гипобеди владеачките стереотипи врзани за извршувањето на домашните работи.

Шпанското училиште Монтекастело ги учи своите ученици токму на ова. Нивното мото е: Рамноправноста се гледа на дело.

Во 2018.училиштето во градот Виго објавило дека во списокот на училишни предмети ќе го вклучи и домаќинството. На тие часови момчињата ќе учат да пеглаат, да шијат, да готват и да извршуваат други домашни работи, како што се поправки на водово и струја, мајсторисување околу ѕидање и столарија. Наставниците и родителите соработуваат и ги усмеруваат учениците. Часовите ги водат наставници волонтери, како и татковци на некои ученици.

Габриел Браво, координатор на училиштето, во интервју за весниците воведувањето на новиот предмет го објаснил вака: „За нашите ученицие корисно да научат како да ги извршуваат ваквите задачи за да се подготват за идниот семеен живот.

Со тоа што од самиот пчеток ќе бидат вклучени во домашните работи, ќе сфатат дека одржувањето на ред во домот е заедничка задача. Средување на куќата, миење садови и пеглање не се само женска работа. Тоа ќе им помогне да станат поодговорни и да научат како да се однесуваат во сопственото семејство.

Оваа идеја се родила кога училишната управа барала начини да ја промовира родовата рамноправност меѓу учениците. По дискусијата, проектот им е претставен на родителите и на самите ученици.

Родителите немале ништо против новиот предмет, но некои ученици се чувствувале непријатно кога слушнале за шиењето и пеглањето.

Меѓутоа, кога почнале да ја посетуваат наставата, сте сомнежи исчезнале. Учениците увиделе дека сѐ се учи постепено и дека се тоа многу едноставни работи кои можат да ги прават и мажите и жените.

Некои ученици првпат во рацете држеле пегла. Наставата била забавна, но поучна. Бевме изненадени, а родителите задоволни“, рекол Браво.

Што мислите за оваа иницијатива?

Фотографијата е од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]