Наместо паметни помагала и многу зборување, најважна е интеракцијата со вашето дете

Истражувањето покажало дека бројот на познати зборови не е воопшто толку важен за развој и функција на мозокот. Важна е интеракцијата и количината на двосмерната конверзација.

0
227

Сите постојано ви велат дека треба постојано да зборувате со своето бебе. А што велат истражувачите од Massachusetts Institute of Technology (MIT), Харвард и UPenn? Во новата студија која се бави си развојот на говорот кај малите деца, истражувачите откриле како треба да се зборува со децата за детето да има можности за најдобар развој. Не е важно само да им се зборува, важен е начинот како ќе го правите тоа.

Наместо само да изговарате зборови, од поедноставни до посложени, да им покажувате слики кои ги означуваат научените зборови, стручњаците нагласуваат дека од самите почетоци е важно децата да се вклучат во меѓусебен разговор.

Истражувачите го следеле она што го нарекле „конверзациски движењња“, или кога возрасната личност и детето разговараат меѓусебно со не повеќе од пет секунди пауза помеѓу зборовите. Со други зборови, важна е интеракцијата. Со истражувањето кое опфатило деца на возраст од 4 до 6 години, стручњаците од MIT кои се занимаваат со когнитивна наука заклучиле дека таков меѓусебен разговор буквално го менува мозокот на детето. Поточно, дијалогот може да го поттикне развојот на мозокот кај детето и неговите јазични вештини, а тоа е измерено со низа тестови и со скенирање на детските мозоци па се покажало дека токму меѓусебниот разговор најмногу влијаел на нивниот развој, без оглед на степенот на образование или висината на приходите на родителите.

„Не е важно на детето да му зборувате и да го збогатувате неговиот вокабулар, важно е со него да разговарате и да го учите како да ги сфати и да ги возврати инфромациите“, рекла Рејчел Ромео, диломантка на Харвард и MIT и главна авторка на споменатото истражување.

Ова ново истражување од MIT е толку значајно затоа што им наложува на родителите помалку да се фокусираат на самите зборови и поими, а многу повеќе на интеракцијата, поттикнувањето на дијалог, слушање и разговарање.

„Истражувањето ни покажа дека бројот на зборови воопшто не е толку важен за развој и функција на мозокот. Важна е интеракцијата и количината на двосмерната конверзација“, рекла Рејчел Ромео.

Истражувањето покажало дека децата од побогатите средини навистина имале нпоширок вокабулар, иако нивниот мозок поради тоа не бил подобро развиен во однос на децата од посиромашните семејства кои не знаеле толкав фонд на зборови, но биле навикнати на разговор.

А тоа е многу важен податок кој може максимално да ги охрабри родителите на стариот добар разговор, дури и кога зборуваме за бебиња. Затоа морале да се осврнат и на модерното родителство кое сѐ повеќе се потпира на технолошките достигнувања со кои се сака да се поттикне подобар развој кај своето дете, а кои исто така ја прават онаа разлика помеѓу богатите и сироманите, меѓутоа, во однос на јазот од 30 милиони зборови, и судејќи по сѐ, посиромашните деца сепак биле во предност или барем изедначени со побогатите. Со други зборови, родителите кои трошат премногу пари на паметни помагала (и активности), често пропуштаат да бидат со децата, да разговараат со нив отворено, да ги слушаат и да ги поттикнуваат на разговор, што во поголем дел го прават токму оние родители кои не се потпираат на никакви модерни и скапи помагала.

Разговорот бара сложени когнитивни способности, многу посложени од слушањето, а според стручњаците од MIT, разговорот им овозможува на децата да го разберат она што другиот се обидува да им го каже и да знаат како да одговорат на соодветен начин. Значи, развојот на говорот повеќе немојте да го мерите со ширината на вокабуларот туку со количината на меѓусебниот разговор.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]