Дали можете да влијаете на количината на млеко кога доите?

Производството на млекото се темели на принципот на понуда и побарувачка. Колку повеќе млеко ќе цица вашето бебе, толку повеќе млеко ќе имате.

0
350

Една од најчестите грижи на новите мајки е дали нивното бебе добива доволно млеко. Тоа најдобро ќе го видите по тоа дали бебето добило на тежина. Доколку не добива, постои можност дека не добива доволно млеко. Имајте на ум дека можеби имате нереални очекувања заради што е најдобро да се посоветувате со лекар.

Производството на млекото се темели на принципот на понуда и побарувачка. Колку повеќе млеко ќе цица вашето бебе, толку повеќе млеко ќе имате. Вашето тело е во склад со потребите на бебето.

Хранете го бебето правилно

Правилното хранење на бебето е прв чекор во процесот на доење. Кога правилно го храните бебето, тоа само ќе придонесе за дополнително производство на млеко. Ако имате било какви недоумици во врска со доењето, посоветувајте се со медицинска сестра или лекар.

Редовно менувајте ги страните

За време на доењето барем еднаш сменете ја страната, по можност и почесто. На тој начин ќе го изедначите производството на млеко во двете гради.

Испробајте ја пумпата за издојување

Таа ќе го поттикне производството на млеко. Помеѓу доењата обидете се да се издојувате затоа што на тој начин вашето тело ќе почне да произведува уште повеќе млеко. Со пумпата во целост ќе ги испразните дојките, а издоеното млеко можете да го чувате во фрижидер како резерва кога не сте до бебето.

Почнете да земате некои билки

Некои билки и храна го поттикнуваат производството на млеко. Многу се добри семките од анасон. Тие не само што ќе го поттикнат производството на млеко, туку и ќе ги ублажат грчевите на бебето. Можете да пиете и чај од анасон и ќе имате исти резултати.

Исто така, и лукот го поттикнува производството на млеко, а на бебињата неговиот мирис им е пријатен. Лукот е една од најздравите намирници и има одлично противвоспалително својство. Ќе го подобри и вашето и здравјето на бебето.

Дојте го бебето почесто

Зачестеното доење го поттикнува производството на млеко.

Хранете го бебето само со своето млеко

Кога бебето го храните само со своето млеко. Тоа ќе биде навикнато на овој вкус и тоа ќе му биде доволно. Со дохрана почнете во консултација со лекарот.

Внимавајте на своето здравје

Одмарањето и адеквата количина на сон се многу важни за поттикнување на производството на млеко. Редовно одмарајте се и усвојте здрави прехранбени навики. Зголемете го внесот на вода затоа што без адекватна количина на вода телото не може да произведува адекватна количина на млеко.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]