Го доела детето во авион, а стјуардесата ја замолила да се покрие

Една мајка објавила на Фејсбук дека на летот од Сан Франциско до Амстердам ја доела својата едногодишна ќерка кога дошла стјуардесата и се обидела да ја покрие со ќебенце. Таа одбила да го направи тоа. Дали сте имале слично искуство?

0
138

Шелби Ејнџел одлучила јавно да ги повика другите родители даразмислат дали ќе летаат си авионите на холандската компанија KLM откако стјуардесата во текот на летот ја замолила да се покрие додека го дои детето.

Таа на Фејсбук објавила дека на летот од Сан Франциско до Амстердам ја доела својата едногодишна ќерка кога дошла стјуардесата и се обидела да ја покрие со ќебенце.

Таа не сака да биде покриена. Давам сѐ од себе да бидам дискретна, но понекогашсе гледа малку кожа. И пред да полетаме ми пријде стјуардесата со кебенце. Ми рече дека мора да се покријам ако имам намера да продолжам да дојам“, објаснила Ејнџел која одбила да го направи тоа.

Тогаш стјуардесата ѝ рекла дека би требало да го направи тоа ако другите патници се жалат, но таа е уверена дека не навредила никого.

Се чувствував ужасно понижена“, додала таа.

Откако стигнала дома,контактирала со споменатата авиокомпанија за да се пожали на непријатното искуство.

Оттаму ѝ кажале дека барањето на стјуардесата било во согласност со нивните правила.

Доењето е дозволено на нашителетови, но за да се чувствуваат сите патници удобно, можеме дапобараме од мајките да се покријат додека ги дојат своите деца за да не ги навредат другите патници“, порачале тие преку Твитер.

Корисниците на социјалните мрежи се згрозени од постапката и ја поддржуваат мајката.

Ако е некој навреден зашто мајката го дои детето, нека се прекрие самиот со ќебенце преку глава“, е еденод коментарите.

Се огласила иедна стјуардеса којавели дека во нејзината кариера ниту еден патник не се пожалилпоради некоја мајка која си го дои детето.

Летав 35 години и никогаш од никого не слушнав таква забелешка“, напишала таа.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]