Како да ги натерате децата да се хранат поздраво?

Децата не јадат секогаш најздрава храна, но ако постојано им нудите нешто што првично не им се допаднало, наведувајќи ги придобивките од нивното консумирање, би можеле да ги научите да почнат да јадат здраво, сметаат американските научници.

0
226

Во рамките на студијата чии резултати се објавени во списанието Journal of Nutrition, Education and Behaviour, 87 деца на возраст ид три до шест години во текот на еден шестнеделен период двапати неделно добивале храна која не им била по волја.

Пред почетокот на студијата истражувачите ги прашале децата во колкава мерка им се допаѓаат доматите, зелената пиперка, леќата, квинојата…

Научниците од Државниот универзитет во Вашингтон и Државниот универзитет Флорида се обиделе да тестираат што има најголемо влијание на прехранбените  навики на децата, користејќи притоа намирници кои им биле најмалку омилени: едната само им ја нуделе постојано како оброк, а со другата им „сервирале“ и приказна.

Со одредена намирница истражувачите им велеле: „Ова ќе придонесе побрзо да растете и побрзо да трчате“ или „Овошјето и зеленчукот помагаат да не се разболите“.

Главната авторка на студијата Џејн Лениган, смета дека ваквите коментари би требало да се фокусираат целите на детето, но и дека е важно истовремено да им понудите прецизни и точни информации за намирниците.

После 6 недели двата пристапи имале приближно ист резултат. Но кога прехранбените навики на децата се проверувале повторно, после едномесечна пауза, покажало дека значително подобар исход имал методот на нудење на храната со објаснување за истата. Децата јаделе во просек 14 грама повеќе од понудената „неоимилена“ храна од претходно, и тоа е напредок, сметаат научниците.

Напоменуваат и дека малиот напредок би можел да биде последица од „здодевното“ мени, затоа што на децата од недела во недела им се нудела истата храна.

„Сакавме да им помогнеме на родителите. Имено, често им се советува што би требало нивните деца да јадат, но не и на кој начин да ги убедат да го прават тоа“, објаснила Лениган.

Нанет Строубеле-Бенсчоп од институтот за нутриционизам на Универзитетот во Хохенхајм во Германија смета дека е успех ако детето после ваквиот пристап изеде и само неколку лажички од понудената храна.

„И еден шери домат е подобро од ништо. Сѐ што децата редовно консумираат може да има позитивно влијание на нивната исхрана во иднина“.

И последната препорака од истражувачите, но не и најмалку значајна. Тие сметаат дека е важно оброкот да се јаде без стрес и дека децата не треба да се присилуваат да пробаат или да изедат некоја храна.

Истовремено, на родителите, на тетките во градинките или на старателите им советуваат и самите да дознаат повеќе за намирниците за да можат на детето да му ги објаснат здравствените предности на здравата исхрана.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]