Доктор Рахул Џандиал, е неврохирург и родител кој освен што сакал да им даде сигурност, сакал да го заштити и мозокот на своите деца кои се денеска тинејџери. Речиси две децении родителство и знаење за човековиот мозок кои ги стекнал во текот на тие исти години, за овие работи размислувал кога пристапил кон здравјето на мозокот на своите деца.
Како се хранат моите деца?
Тоа е важно затоа што е сега јасно дека храната влијае на умот и на мозокот, но не на начин на „суперхрана“ или „Храна за мозок“. Д-р Џандиал смета дека е потребно секојдневно да се јадат некои билки, а риба секоја недела. Дури и ако останатата храна се подразбира во училиште, важно е да се внесуваат овошје и риба преку целата недела.
Антиоксидансите во овошјето и омега-3 масните киселини во масна риба се клучни состојки за здравјето на мозокот.
Имаат ли време без мобилен?
„Ова е важна грижа на сите родители, но не треба да се ограничи изложеноста на децата пред екраните ако редовно ги извршуваат своите обврски. Исто така, тие на своите мобилни гледаат и интересни содржини“, објаснил д-р Џандиал. Имено, еден или два часа пред спиење без користење на мобилен му овозможува на нивниот ум да талка без инхерентно управување кое се случува кога содржината се префрла во нивниот ум преку екранот:
„Умот кој талка пристапува кон патиштата во нашиот мозок кои останале во состојба на митување и се изложени на ризик да станат застарени. Времето во кое му дозволуваш на својот ум да талка помага, особено после активен ден на работа, во училиште или на мобилен. Тоа помага и кај спиењето“, објаснил д-р Џандиал.
Дали се забавуваат секој ден?
Д-р Џандал не сака роботи кои се посветени само на работата, но исто така не сака неговите деца постојано да се забавуваат. Не работејќи ништо. Двете опции се можни, но исто така, ако една од тие опции недостасува, можностите за личен и психолошки раст се намалуваат.
„Дали се секој ден импресионирани?
Ова е мал ритуал кој го имаме. Некој, обично јас, пронаоѓа линк, видео или напис во списание кој е целосно неочекуван почеток на разговор“, рекол докторот додавајќи: „Последниот за кој сите разговаравме беше написот во списанието дека куќињата можат да надушкаат некои видови рак кај луѓето“.
Какво е нивното ментално здравје?
Тинејџерските мозоци се „олуја на нови мозочни врски“ кои не се во целост ускладени со емоциите. Важно е да се размислува за делотворни стратегии за соовање со стрес, прекиди и влијанија од социјалните мрежи.
„За ова немам посебна стратегија, , но може да го правите тоа што го правам и јас, бидете со своето дете“, заклучил тој.
Фото: Pixabey