8 разлики помеѓу мудро строги и сурово строги родители

Строгите родители поставуваат големи очекувања во согласност со детските способности, суровите во согласност со своите желби. Дали сте вие премногу строги кон своите деца? А сурови?

0
398

Во последниве години, сè повеќе жалиме за времето во кое aвторитетите биле строги. Од друга страна, не сакаме никој да биде груб кон нашите деца. Така треба да размислуваме. Строгоста е одлична, грубоста – забранета!

Еве ги јасните разлики помеѓу овие две категории:

Суровите родители не дозволуваат децата да прават грешки, строгите не дозволуваат да се повторуваат посериозни грешки од ист тип. Честопати забораваме дека на детето му требаат уште триесетина години за да биде таму кадешто сме ние денес, т.е. да биде организирано, одговорно, уредно…

Забораваме дека и ние некогаш не знаевме каде ни е читанката, дека не ги стававме чевлите уредно на страна од влезот… Не е секоја грешка за реакција, особено не за строга.

Суровите авторитети си даваат себеси право да ја проценат вредноста на детето, додека други знаат дека вредноста на секој од нас е непроценлива.
Мудро строгиот родител казнува со одземање на телефонот, а суров со молчење, игнорирање, презир, потсмев … Родителската љубов никогаш не смее да биде доведена во прашање, без оглед што направило детето.

Суровите родители не ги почитуваат емоциите на децата, додека оние кои се строги на мудар начин, ги разбираат и прифаќаат детските чувства, но не им попуштаат. На пример, ако детето се плаши да остане само дома, суровиот ќе го нарече кукавица и ќе го остави само онолку колку што смета дека треба, додека мудриот нема да го осуди стравот на детето, напротив, ќе рече на пример дека и тој се плашел кога бил мал и го остава прво на многу кратко време.

Строгите родители им даваат на децата одговорност за нивните обврски, суровите им ги пренесуваат своите. Строгите родители знаат дека децата треба да работат, но за жал, во последно време сè почесто слушам на пример, дека некое девојче редовно готви наместо мама затоа што мама не е талентирана или има многу обврски околу нејзината кариера.

Суровите родители ја оптоваруваат совеста на детето со чувство на вина, додека строгите и мудрите знаат дека нема потреба од вината откако детето ќе го промени однесувањето или искрено ќе се извини. Потоа, тие му даваат на детето утеха и поддршка.

Строгите родители поставуваат големи очекувања во согласност со детските способности, суровите во согласност со своите желби.

Суровите родители не ги разликуваат лошите намери од лошите постапки, додека мудрите строги го знаат тоа многу добро. На пример, нашето дете еднаш му го изми телефонот на неговиот татко затоа што претходно паднал во прашина со желба повторно да биде убав и чист.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]