6 тајни на мајките кои се секогаш подготвени на сѐ

Паметните мајки знаат што е добра организација

0
368

Се прашувате ли некогаш како некои мајки успеваат да направат сѝ што си зацртале, а вам ви се чини како да не можете да стасате ништо?

Ако сакате да бидете како нив, еве неколку тајни на добро организираните мајки кои се секогаш подготвени за сѐ.

  1. Тие имаат своја фиока

Знаете како се губи премногу време кога постојано барете нешто што сте го ставиле на „посебно“ место? Затоа мајките имаат своја фиока која е „посебно“ место за сите тие важни нешта.

  1. Тие секогаш имаат време за квалитетна вечера

Мајките кои однапред планираат на време ќе го наполнат фрижидерот со намирници од кои можат на брзина да направат вистинска вечера, а притоа не мислиме на колекција од готова замрзната храна туку на онапред подготвени намирници кои се спремни за разни здрави комбинации.

  1. Нивните деца немаат премногу играчки

Затоа што мајките кои сакаат да бидат организирани често разменуваат играчки и сликовници со другите мајки па нивните деца секогаш имаат доста нови и забавни играчки а никогаш не се премногу.

  1. Подготвени се за сите детски незгоди

Мајките кои не сакаат животот да ги изненади секогаш имаат „одговор на сѐ“ па со себе секогаш носат резервна облека за детето, обувки а не само пелени и долна облека. Така не може да ги изненади никаква незгода.

  1. Се потпираат на апликации

Модерните, супер организирани мајки се потпираат на многу апликации со чија помош памтат важни датуми и информации па можат побезгрижно да се грижат за сѐ друго затоа што знаат дека апликациите ќе ги потсетат на важните задачи.

  1. Купуваат на акции и прават резерви

Организираната мајка нема само подобро да ги планира обврските, таа и финансиски ќе биде во плус затоа што редовно купува на акции и создава резерви. На детето му треба нова четка за заби, тетратка или нови боици? Без грижа, ваквите мајки веќе го имаат сето тоа, добро складирано во своите паметни резерви.

[better-ads type='banner' banner='999' ]