Дислексијата нема никаква врска со интелигенцијата. Можете да бидете исклучително паметен, а сепак да имате дислексија.
1. Не постои единствен тип на дислексија.
Дислексијата покрива широк спектар од потешкотии и е уникатна за секој поединец.
Дислексијата предизвикува тешкотии во вештините потребни за да се научи да се чита, да се спелува и да се пишува; но е многу повеќе од тоа.
Таа исто така може да предизвика проблеми со организацијата или заборавање на она што некој ви го кажал, или пак неговото име.
Дури и меморирањето на мобилен број може да стане борба.
2. Дислексијата не е болест. Дислексијата е невролошка состојба.
Не постои лек што ќе излекува дислексија, едноставно, мозокот работи поинаку.
Но, да имаш дислексија не значи дека немаш интелигенција.
Замислете дека вашиот мозок е како компјутер кој се става да работи на задача за која никогаш не бил дизајниран. Ќе работи помалку ефикасно.
3. Раната идентификација е важна.
Но, бидете сигурни дека ќе добиете вистинска проценка.
Има многу причини зошто некој може да заостане во училиште, па затоа е навистина важно прво да се проверат слухот и видот.
Слабоста во специфичните вештини за учење ќе укаже на типот на дислексија и ќе се користи за да се најдат најефективните стратегии.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Многу проценки кои ги идентификуваат потешкотиите не го користат зборот ‘дислексија’.
Зборовите како ‘Пореметување на слушното обработување’ и ‘Дефицит на визуелна меморија’ дијагностицираат специфичен тип на дислексија.
Запомнете дека дислексијата е разновидна – таа влијае на луѓето на различни начини.
4. Верувај во себе, можеш да успееш
Под влијание на дислексијата се појавува ниска самодоверба.
Кога не можете да го правите она што другите луѓе сметаат дека е лесно, тогаш почнувате да верувате кога луѓето ви кажуваат дека сте мрзливи или глупави.
Но, кога ќе престанете да се обидувате, нема надеж за успех.
Првиот чекор е да се направи детето со дислексија да разбере дека може да успее со поинаков пристап.
5. Развојни стратегии.
Луѓето со дислексија можат да постигнат успех со користење на различни методи на учење.
Луѓето со дислексија не можат да запомнат такашто само неколку пати ќе видат и ќе слушнат некој збор – тие забораваат! Но, правилото или стратегијата обезбедуваат начин за да се излезе на крај со тоа.
Започнете да размислувате како најдобро учите и како можете да го прилагодите вашето учење.
Каква помош е достапна?
Луѓето со дислексија обично учат најдобро со следење на структуриран систем кој ќе користи стратегии за објаснување на правилата – да се направи смисол.
- Интензивна настава
Ова може да биде скапо, но со вистинскиот наставник е многу ефективно.
Осигурајте се дека наставникот е квалификуван за специфични тешкотии во учењето.
Не постои брз лек.
2. Програми за компјутер и таблет
Nessy е онлајн програма за учење која е создадена од страна на дислексичари и специјализирани наставници.
Nessy ќе процени, ќе обезбеди стратегии, правила и игри за учење.