5 тајни на децата кои никогаш не се болни

Ви донесуваме пет навики кои се многу важни за детето да биде здраво, но и да избегне разни вируси и грип.

0
268

Дали го познавате тоа момче од соседството кое никогаш не е болно? Дали неговите родители знаат нешто што вие не го знаете? Веројатно не, велат експертите, но овие пет навики на здравите деца можат да бидат корисни за избегнување на разни болести:

1. Секогаш чисти раце

Редовното миење на рацете драматично го намалува бројот на респираторни и дигестивни заболувања, затоа навиката за редовно миење на рацете со сапун е многу важна пред секој оброк, но и при излегување и влегување во различни простории. Ако детето не сака да ги мие рацете, изберете една песна што му се допаѓа и пуштете му ја да свири додека ги мие рацете. Целиот процес треба да трае најмалку 15 до 20 секунди.

2. Да бидат активни секој ден

Истражувањата покажуваат дека редовното и умерено вежбање може да го намали бројот на настинки и грип за дури 25 до 50 проценти. Веројатно затоа што ја зајакнува циркулацијата и клетките се борат против инфекциите. „Вежбањето е подобро од каков било лек или чудо што се рекламира“, објаснува Харли А. Ротбарт, советничка за родители и авторка на книгата „Germ Proof Your Kids: the Complete Guide to Protecting (Without Overprotecting) Your Family from Infections“.

3. Спиењето е важно

Бидете сигурни дека децата легнуваат рано. „Недостатокот на сон речиси двојно го зголемува ризикот од настинка или грип“, објаснува др. Ротбарт. На повеќето бебиња им требаат околу 14 часа сон на ден, а на предучилишните деца од 11 до 13 часа.

4. Избегнуваат да го допираат лицето

Вирусите и грипот влегуваат во телото преку нос, уши и уста, такашто, вашето дете треба да ги држи рацете што е можно подалеку од овие области. Да, се разбира, ова е многу тешко да се постигне, затоа миењето на рацете е стратегија што е многу важна. Научете го вашето дете никогаш да не споделува со никого сламка, чаша или четка за заби.

5. Балансирана и здрава исхрана

Оброците со многу овошје и зеленчук во сите бои ќе помогнат во зајакнување на имунитетот. Давајте храна богата со витамин Ц (брокула, јагоди и портокали) и витамин Д (туна, млеко и житарици). Јогуртот со активни култури (пробиотици) исто така може да помогне во изградбата на одбранбен механизам.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]