5 правила за успешно родителство (кои е најтешко да се испочитуваат)

Доследност, одлучност, задолженија, разочарувања,... Постојат пет правила кои секогаш мора да се следат ако сакате да воспитате добра личност.

0
170

Може да прочитате милион прирачници за родители, но ниеден од нив не може да ви каже сè што треба да знаете за да воспитате добра личност. Сепак, постојат пет правила кои секогаш мора да се следат.

1. Бидете доследен родител. Секогаш. Без исклучок. Децата тестираат каде се поставени границите и до каде им е нешто дозволено.

2. НЕ е многу важен збор во воспитувањето на детето. Воспоставените правила мора да се спроведуваат и без да им се попушти на барањата на детето.

3. Сожалувањето е пат до пеколот … Кога еднаш ќе попуштите, ќе му покажете на детето дека постои начин да го добие она што го сака. Секој нареден пат кога ќе кажете НЕ, детето нема да застане додека не попуштите повторно.

4. Детето треба да има обврски и задачи дома. Ова се едноставни задачи, прилагодени на неговата возраст. Тоа е важно за стекнување чувство на одговорност. Вклучете го вашето дете во она што го правите вие наместо да му давате задачи што само ќе ги прави. Фалете го детето кога добро ја извршува задачата. Веројатно и потоа ќе сака да ви помага.

5. Детето треба да почувствува разочарување. Штитејќи го детето од сите животни неволји, му правиме лоша услуга. Во реалниот живот, разочарувањата се неизбежни. Детето мора да научи дека не може секогаш да го добие она што го сака

Ова ќе го научи да ги контролира однесувањето и чувствата. Тоа е добра подготовка за справување со емоционалните стресови во реалноста.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]