Јапонските деца се меѓу најздравите и најсреќните деца во светот, открива студија објавена во научното списание „Лансет“. Резултатите од студијата исто така откриваат дека јапонските деца имаат најдолг животен век.
И додека јапонскиот стил на родителство е малку поразличен отколку кај нас, има неколку општи трикови кои дефинитивно не е лошо да ги испробате ако веќе не ги практикувате.
1. Пофалба за напор, а не за способност
Во Јапонија, детето секогаш е пофалено за неговата напорна работа, а не за неговата способност. Ваквиот начин на охрабрување и пофалба важи дури и кога детето има проблеми со нешто затоа што родителите веруваат дека детето тогаш ќе се труди уште повеќе.
2. Почитта на прво место
Малку е веројатно дека ќе видите како јапонско дете има испади на гнев среде продавница. Јапонските родители ги учат децата уште од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите лица и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.
3. Ако не е далеку, пешачи
Во Јапонија е најнормално да се гледаат мали ученици како одат сами на училиште. Според Светската здравствена организација, повеќе од 98 проценти од децата пешачат до училиште. Во Јапонија, ова правило генерално важи, затоа јапонските родители уште од самиот почеток ги учат своите малечки како можат да стигнат до повеќето места користејќи ги своите нозе. Ако не е далеку – прошетај!
4. Без викање
Во Јапонија, зборот за дисциплината е „шитсуке“. Овој збор може грубо да се преведе како „воспитаност“. Наместо да викаме, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото за размислување за последиците од она што детето го сторило.
5. Независност од почеток
Од рана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат независни и самоуверени. Затоа јапонските деца им помагаат на своите родители во домашните работи од почеток, а тие продолжуваат со такви навики и во градинка и училиште.
Дали и на нашите деца им е потребна оваа јапонска лекција?
Фото: Unsplash