5 кратки мудрости на јапонските родители во воспитувањето на децата

Иако јапонскиот стил на родителство е поинаков од нашиот, овие трикови можеме да ги украдеме и да ги испробаме.

0
826

Јапонските деца се помеѓу најздравите и најсреќните деца на светот, открило истражувањето објавено во научното списание The Lancet.

Резултатите од истражувањето исто така откриле дека јапонските деца имаат најдолг животен век.

Иако јапонскиот стил на родителство е поинаков од нашиот, овие трикови можеме да ги украдеме и да ги испробаме и самите.

Пофалба за трудот, а не за способноста

Во Јапонија детето е секогаш пофалувано за својот труд, а не за својата способност. Таквиот наин на охрабрување и пофалба важи дури и кога детето има проблеми со нешто затоа што родителите веруваат дека детето тогаш ќе се труди уште повеќе.

Почит на прво место

Мала е веројатноста дека ќе видите јапонско дете како има испади на бес среде продавница. Од најрана возраст јапонските родители ги учат децата да бидат полни со почит кон постарите и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.

Ако не е далеку, оди!

Во Јапонија е најнормално да се видат малите ученици како одат само во училиште. Според Светската здравствена организација, повеќе од 98 отсто од децата таму пешачат до училиште. Генерално, во Јапонија важи тоа правило, затоа тие од почеток ги учат своите деца дека на повеќето места можат да стасаат користејќи ги своите нозе. Ако не е далеку – оди!

Нема галама

Во Јапонија зборот за дисциплина е ‘shitsuke’. Тој збор може да се преведе приближно како ‘воспитување’. Наместо викање, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото за размислување за последиците од она што го направило детето.

Самостојност од почеток

Од најрана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат самостојни и со самодоверба. Токму затоа јапонските деца од почеток им помагаат на родителите во домашните обврски, а и во градинка и во училиште продолжуваат со овие навики.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]