Ако се обидувате да забремените, сигурно разбирате колку е важно да ги следите своите циклуси и овулацијата. Не е тајна дека здравите навики во исхраната и вежбањето се оние кои влијаат на плодноста. Сепак, дали знаевте дека премногу вежбање може да ја намали можноста за зачнување?
Ако уживате да вежбате, не мора да престанете. Едноставно разговарајте со вашиот лекар и само намалете со интензитетот.
Еве пет совети како вашата рутина за вежбање да не ви го попречи зачнувањето.
1. Обрнете внимание на анемијата
Крвта е многу важна за бременоста, а жените генерално ја користат во големи количини, особено ако вежбаат. Мускулите се хранат преку крвта, а премногу вежбање може да го исцрпи вашето тело, оставајќи ве изморени. Како резултат, јајниците ослабуваат, што може да го отежне зачнувањето.
Симптоми на анемија се:
– главоболка
– вртоглавица
– слабост
– отежнато дишење
– забрзано чукање на срцето
– ладни екстремитети
Ако сте загрижени, разговарајте со вашиот лекар, доколку е потребно, направете анализи и ќе ја добиете потребната терапија.
2. Ограничете ги тренинзите на еден час или помалку
Вежбањето треба да ви даде енергија, а не да ве исцрпува. Ако претерате, вашето тело може многу лесно да го активира хормонот на стресот, што пак создава нерамнотежа во половите хормони. Ова може да го отежни зачнувањето. За среќа, решението е лесно. Заштедете малку енергија наместо да ја трошите во теретана. Ако мислите дека сте претерале со вежбање, едноставно направете пауза и продолжете подоцна.
3. Одржувајте здрава тежина
Прекумерната тежина може да создаде нерамнотежа на хормоните и проблеми со овулацијата. Ако имате вишок килограми и планирате бременост, обрнете внимание на вашите навики, јадете здраво и направете план за вежбање. Помалиот број на килограми и недоволно масни клетки исто така можат да доведат до проблеми со зачнувањето, поради намаленото количество естроген, што е клучно за овулацијата.
4. Дајте му предност на умереното вежбање
Тешките тренинзи може да влијае на ендокриниот систем и хормоните кои влијаат на менструацијата. Ако се обидувате да забремените, важно е да имате редовни циклуси. Затоа, вежбајте умерено.
5. Умерено трчање
Повеќето лекари велат дека вежбите што умерено го активираат кардиоваскуларниот систем се добри. Трчањето е идеален начин да останете во форма и да го подготвите вашето тело за бременост. Ако трчате, нема причина да престанете, секако, ако и вашиот лекар го потврди тоа. Можеби ќе треба да скратите неколку километри, а во исто време да внимавате и на исхраната. Ќе соберете енергија, ќе го подготвите вашето тело и ќе уживате во најубавото патување во вашиот живот.
Фото: Pixabay