5 совети како да го научите детето да плива

Најидеално време да го научите детето да плива е секако, летото. Но, тоа понекогаш може да претставува вистински предизвик и за вас и за детето.

0
703

Децата се обично нетрпеливи кога станува збор за учење на нешто малку покомплицирано и на прв поглед, тешко за совладување. Доколку сепак сте одлучиле да го научите вашето дете да плива, прочитајте ги овие корисни совети.

Трпение

Вооружете се со трпение. Потребно е време и многу внимание. Не претерувајте доколку детето малку потешко ги совладува техниките на пливањето. Секој има поинаков пристап, стил и брзина кога станува збор за пливањето. И токму во оној момент кога ви изгледа дека ќе го изгубите трпението, тогаш ќе ви биде најпотребно.

Перничиња и мускули на дување

Тие ќе ви бидат најдобри пријатели. Може да бидат од голема помош ако ги употребите како што треба. Без оглед дали детето носи мускули или прслук важно е постепено да го одвикнувате од нив. Секако, сигурноста на детето е на прво место, но сигурно не сакате цело време да ги следи страв. Во првите денови од учењето, па дури и со недели потоа, кога детето веќе ги совладало техниките, не го одвојувајте погледот од него. Тоа сѐ уште не е ниту близу до категоријата пливачи. А ако во тој период се појави кај него страв, можно е тој да го следи цел живот и тоа никогаш да не научи да плива.

Тим

Најдобро е децата да учат да пливаат во тим, со сопругата, пријателите или со други деца кои веќе знаат да пливаат. Поддршката и советите се важни. Повеќе глави-повеќе совети, но сепак, не зборувајте сите наеднаш за да не го збуните детето. Малку шега, доста поддршка и детето ќе научи да плива. Важно е само да се ослободите од стравот.

Дишење и пловење

Пред да се впуштите во подучување на самите техники на пливање, поминете ги и техниките на дишење. Научете го да нурка и да го задржува здивот под водата. (Некои деца дури прво научуваат да нуркаат, па дуро потоа да пливаат на површината). Кажете им длабоко да вдишат и да бидат пет секунди под вода. Повторувајте ја вежбата неколку пати, но внимавајте детето да не се премори. Препорачливо е и да го научите детето да лежи на вода, да плови. На децата им е на почеток проблем заморот и им се чини дека не можат да преминат ниту два метри. Но, кога ќе им покажете дека можат да се одморат лежејќи на вода, тоа може да ги охрабри.

Помош од професионалец

Доколку мислите дека оваа учителска работа не ви оди од рака, предајте го детето во рацете на професионалци. Испратете го на часови по пливање, најдобро со другарите или братучедите. Тоа ќе им биде забавно искуство, а можат и да го засакаат пливањето и да одлучат тоа да им биде ново хоби.

[better-ads type='banner' banner='999' ]