Млади луѓе со аутизам – бизнис за закуски: Ова е група на млади луѓе со посебни потреби кои продаваат житни барови во Атина. По завршувањето на специјализирани курсеви за стручно оспособување, тие со помош на нивните родители и наставници го поставија 3S School Synergy Snacks
Членови на тимот се Јaнис Шацијагриу, Елени Алберту, Михалис Сидерис и Јоргос Врадис. Нивните производи се житни барови со сусам, бадеми, кикиритки, маслинки и мед.
Еве што вели мајката на Јанис за оваа иницијатива:
„Денеска во Грција е во секој случај тешко да се работи бизнис. Но, тоа е уште потешко за луѓето со дополнителни ограничувања и интелектуални тешкотии. Истото важи и за оние покрај нив. Оние кои фунработат како нивни гласови.
Тие се вработени главно во семејни бизниси. Само во последниве години, се создадени некои организации за да ги вклучат ранливите социјални групи. Сепак, дури и тогаш, понудените работни места се несразмерни. Најчесто, новите лица со посебни потреби не можат да најдат работно место.
Иако законодавниот дом предвидуваше деловни активности на социјална соработка да се олесни интеграцијата на лицата со посебни потреби и да се заштити нивното право на работа, што е суштински елемент на човечкото достоинство, бирократијата и одговорноста сè уште се силни, правејќи го понекогаш нашиот живот тежок.
Ова е вкусен и здрав производ и група на нови вработени кои нè прават горди секој ден. Табу секогаш ќе постои, но се заснова на незнаење или недостаток на информации. За среќа, живееме во време кога општеството е поотворено, а идејата за вработување лица со посебни потреби не е утописка.
Во овој случај, се разбира, потребна е синергија со други тела за подобрување и унапредување на можностите на лицата со посебни потреби. Децата дури и сонуваат дека Јанис Антетокумбо ги пробува нивните барови!
Елени Алберту, член на оваа мала компанија, вели: „Иако животот ми беше тежок, успеав да го постигнам она што го сакаше мојата душа. Курсот за пекарство ми даде можност и привилегија да ја продолжам кариерата професионално. Тешкотиите со кои се соочуваме со мојот тим нè прават посилни и нè приближуваат кон постигнување на нашите цели. Им благодариме на оние кои не поддржуваат во овој почеток.
Текстот и фотографиите се од ТУКА.