3 работи што бебето ги учи додека е уште во матката

Дали знаете дека некои навики можат да се стекнат додека се децата уште во матката на мајката?

0
261

Научниците откриле дека луѓето учат одредени работи дури и пред да се родат, а еве кои се тие.

Доживување на вкусовите

Професорот Питер Хепер од Универзитетот Квинс во Белфаст се прашувал дали можете да сакате некоја храна дури и пред да се родите. Тој спровел истражување во кое идните мајки јаделе или сечеле лук. Резултатите биле доста интересни, бидејќи децата на мајките кои конзумирале лук за време на бременоста уживале во оброците со лук дури и на возраст од 8-9 години, пренесува Bright Side.

Истото важело и за сокот од морков: бебиња на возраст од 5 и 6 месеци чии бремени мајки го консумирале, многу го сакале. Хепер вели дека ова е веројатно начинот на кој децата ги препознаваат своите родители: имаат ист вкус како и во матката.

Звуци

Група научници од Финска спровеле експеримент во кој две групи бремени жени или слушале приспивни песни секој ден или воопшто не слушале. Резултатот бил таков што бебињата од првата група реагирале на песните, додека втората група бебиња биле рамнодушни. Истражувачите заклучиле дека првите веројатно ги научиле приспивните песни додека биле во матката.

Препознавање на говор

Атина Вулуманос, психолог од Универзитетот во Њујорк, ги споредила реакциите на новороденчињата на човечкиот говор и звуците и открила дека бебињата реагираат на говорот. Ова е уште поинтензивно кога ќе го слушнат својот мајчин јазик.

Истражувањата помогнале да се докаже важен концепт: добро акустично опкружување е неопходно за неродените и за децата родени предвреме, бидејќи тие можат да имаат нарушувања на говорот ако не слушнат доволно човечки говор.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]