Кога се осмислува простор во кој децата ќе се дружат со книгите, не се важни само живите бои и шарените детали. Децата го ценат добриот дизајн, но со добри и поттикнувачки содржини кои на детето му пружаат различни начини да учи, да стапи во интеракција со другите деца и да биде пофален за својот читателски напредок.
Еве неколку совети за создавање читачка атмосфера во детската библиотека:
1. Пружете разновидни амбиенти – жива, односно мирна атмосфера, друштвена или приватна. Некои деца при читање повеќе сакаат да се осамат, додека други повеќе би прелистувале книги во друштво.
2. Важно е и возрасните кои се со децата да можат да се опуштат со книга, па и за нив треба да има простор со смирена атмосфера, од каде може да ги надгледуваат своите деца.
3. Децата имаат потреба да се движат. Затоа создадете простор во кој тоa e изводливо. На полиците за книги може да се уфрлат и елементи кои поттикнуваат движење и игра, а и самиот мебел во библиотеката може да биде така дизајниран да овозможи качување, провлекување, седење или лежење.
4. Исчекувањето е важен дел од посетата на библиотеката. Поради тоа е битно како изгледа приодот кон библиотеката и влезот во неа.
5. Библиотечните програми кои поттикнуваат читање се квизови, конкурси, читателски работилници и места за разговор, раскажувачки дружења, драматизација на книжевни дела, награди и пофалби за најдобри читатели – сето тоа спаѓа во неизбежна содржина на успешна библиотека за деца.
Погледнете ја галеријата на најубави детски простори за читање од целиот свет.