Зошто треба да им читате на своите деца?

Ние родителите мислиме дека, ако детето е во состојба самото да прочита книга, треба да престанеме да му читаме. Ништо не е подалеку од вистината!

0
832

Џо Парадиз е наставник од Њу Џерси на кого веќе 15 години му го поставуваат истото прашање: „Како да го заинтересирам моето дете да чита“?

Одговорот кој тој го дава е секогаш ист, и не е претерано епохален: Читајте му на своето дете! Јас сум им читал на моите ученици секој ден, сите 2.520 дена откако ја држам оваа настава. И се уште не сум запознал дете кое на тоа не се радуваше. Децата никогаш не се престари за да им се чита!

Ние родителите често мислиме дека, ако детето е во состојба самото да прочита книга, треба да престанеме да му читаме. Си замислуваме дека тоа автоматски ќе развие доживотна навика за читање. Ништо не е подалеку од вистината!

Имено, секој кој го сака читањето знае дека е најдобро кога мислењето во врска со книгата можете да го споделите со некој пријател, со сопругот или со некоја читачка група. Читањето не треба да биде осамувачко искуство, бидејќи ние сме социјални битија.

Кога му читате на своето дете на глас:

– и самите станувате подобри во читањето
– му го развивате речникот на детето („Мама, што значи тоа?“)
– се поврзувате со детето
– детето подобро го разбира прочитаното („Чекај, што се случило во приказната? Што мислиш во врска со тоа?“)
– детето развива критичко мислење („О боже! Што мислиш, зошто тој/таа го направи тоа?“)
– детето учи да предвидува („Што мислиш дека следно ќе се случи? Зошто?“)
– прочитаниот текст може да биде и повод за разговор („Ова ме потсети на…“)
– преку читањето детето може да проба да реши некој свој проблем од реалниот живот („Мама, таа Тања не ми годи, ме потсетува на девојчето кое ми задава маки“)
– кога му читате на детето, тоа е прв чекор кон заедничко читање – вие ќе прочитате една, а детето следната страна
– ги опуштате телото и духот со вечерниот ритуал кој вас ве одвојува од екранот
– заедно уживате во книжевноста

Совети за подобро заедничко читање:

1. Секоја вечер одвојте 15-20 минути да му читате на детето
2. Одберете удобно место
3. Оживувајте ги ликовите со забавни гласови
4. Детето нека учествува во изборот на книгата
5. Поттикнете го коментирањето во текот на читањето
6. Читајте редовно сами, за да му бидете пример на своето дете
7. Детето нека ви чита вам, или читајте наизменично
8. Направете да му биде удобно – послужете чај или кекси во текот на читањето
9. Нека читањето остане забава! Немојте на детето да му давате загатки ли тестови во врска со прочитаното
10. Сликовниците исто така се сјајна литература – не ги потценувајте!

[better-ads type='banner' banner='999' ]