Млекара АД Битола донира еден шлепер со Битолско трајно млеко и 4.000 кг. Битолско овчо сирење за поддршка на населението погодено од поплавите кои го зафатија Скопје.
Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, преку заедничко планирање и дефинирање на потребите на населението во најпогодените населби, донацијата од Бимилк ќе се дистрибуира до оние на кои им е најпотребна.
„Ова се навистина тешки моменти, особено за оние граѓани кои директно беа погодени од поплавите во Скопје. Сочувствуваме со сите оние кои загубија свои блиски. Мора сите да се мобилизираме и активираме за да помогнеме на луѓето чии домови се уништени и им се одземени основните услови за живот. Само со заеднички напори можеме да ги пребродиме овие исклучително тешки времиња, кои искрено се надеваме нема да се повторат.“ – изјави Полексена Ристеска, Маркетинг менаџер во Бимилк.
За повеќе информации за Бимилк посетете ја веб страната: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк