Мајките кои дојат неретко слушаат разни непристојни прашања и изјави кои ниту на една доилка не и е пријатно да го слушнат. Издвоивме 10 реченица кои ниту една доилка не сака да го слушне и кои не би смееле да им ги зборувате.
- Мислиш дека доволно бебето изеде?
Ниту една мајка која дои не може со сигурност да знае дали бебето доволно изело, бидејќи не може да добие повратна инфорамција дали е сито. Затоа, мајките кои дојат се водат од инстиктот и се трудат да препознаат дали детето добило доволно млеко.
- Зарем бебето пак е гладно?
Бебињата не сакаат да цицаат само кога се гладни и кога им е потребна блискост со мајката и кога треба да ги смири, на пример, кога не може да заспијат. Затоа, за ниту една мајка не постои одреден број пати колку често ќе го дои своето дете. Мајката ќе понуди млеко на бебето кога нејзиниот инстинкт и вели дека би требало.
- Доењето ми ги уништи градите.
Мајка која дои не сака да слушне никакви негативности во врска со тоа дека доењето некому му ги уништило градите. Тоа е како да ослабнете 20 килограми и на својата пријателка која исто така се обидува да ослабне да и кажете: „Ослабнав 20 килограми, но сега кожат многу грозно ми виси“. Освен тоа, истражувањата покажале дека обесените гради се последица на бременоста, а не на доењето.
- Не ти е подобро да покриеш кога доиш?
Ова не е прашње, туку само изјава со која се осудува мајката. Ако ви пречи, не гледаје.
- Детето не е преголемо за да го доиш?
Колку долго една мајка ќе го дои своето дете, зависи од неа. Ако некој го смета тоа за ненормално, тоа е негов проблем. Американското здружение на педијатри препорачува доење во првата година.
- Ако му дадеш шишенце, веќе никогаш нема да цица!
Оваа реченица не може да биде вистинита. Многу жени го хранат своето дете со млеко од шише во кое има мајчино млеко.
- Ако пие вештачко млеко, повеќе ќе спиеш!
Вистина е дека и да доите и да му давате вештачко млеко, или комбинирате едно со друго, нема да се наспиете.
- Ако ти е тешко да доиш, дај му вештачко млеко!
Ова ви го кажуваат оние кои не сакаат да ве гледаат како се мачите. Но, мајката која се труди да дои и на која и е тешко, но но сака да престане да дои и покрај болките и воспалените гради и брадавици, треба да и дадете поддршка.
9.Ќе го размазиш бебето ако постојано го доиш!
Бебињата не се размазуваат со доење. Некои цицаат секој час и пол, некои на три часа.
- Престана со доење?!
Колку време мајката ќе го дои своето бебе зависи само и исклучиво од неа.
Фото: zadovoljna.dnevnik.hr/Guliver/Thinkstock)