Дали децата треба да бидат голи на плажа?

Многу родители денес живеат во страв од преземање одговорност и донесување одлуки. Една од таквите одлуки е дали децата ќе носат костим за капење на плажа или не.

0
1566

Многу родители денес живеат во страв од преземање одговорност и донесување одлуки. Родителските дилеми се едни од најсериозните и секогаш водат кон длабока дебата. Така стана актуелна дебатата за тоа дали децата треба да бидат голи на плажа.

Изгледа дека порано нештата биле многу поедноставни, дека било многу полесно да се одгледуваат децата во време на послаб протек на информации. Нашите родители се потпирале само на сопствениот разум, а денес секоја одлука кога е детето во прашање се донесува од консултации со лекар, или со другите родители преку форумите на интернет.

Некогаш било сосема во ред малите деца да си играат голи на плажа. Меѓутоа, од пред извесно време се чини дека тоа се менува.

Денешните родители сметаат дека децата треба да носат костим за капење од хигиенски причини, иако претходно постоело тврдење дека токму на тој начин бактериите се задржуваат блиску до гениталиите.

Постои и друго родителско стравување, а тоа е зголеменото присуство на настраност. Облекувајќи го своето дете на плажа, родителите сметаат дека единствено така ќе го заштитат од неумесните погледи или од снимањето со  мобилен телефон кој некој би можел да го направи.

Меѓутоа, она што им недостасува на овие родителски грижи е размислувањето за потребите на нивното дете.

Психолозите објаснуваат дека не сите деца во ист период чувствуваат срам, ниту, пак, во исто време создаваат свест за интимната регија на нивното тело.

Воспитна мерка, во вид на преземање родителска одговорност, би била детето да се облекува на плажата по втората година од животот, за да се направи разлика меѓу приватната и јавната атмосфера.

– Детето треба да се облекува на плажата по втората година. Она што е најважно да се посоветуваат родителите кои имаат став дека детето треба да оди голо, е да не вршат притисок и да не го принудуваат детето да се соблекува на плажата доколку детето пружа јасен отпор кон таа идеја. Најдобро е да го следите своето дете и да го облечете веќе во првата прилика кога тоа ќе побара – велат психотерапевтите.

Ова се совети со помош на кои ќе го избегнете трауматизирањето на детето и подоцнежните последици од тоа. 

.Фото: www.telegraf.rs/ pixabay.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]