Особено е важна возраста на созревање за училиште, меѓу шесттата и седмата година, затоа што тогаш почнуваат да се прифаќаат социјалните норми и правила, меѓу кои е и она „солзите се знак на слабост, мажите мораат да бидат силни и никогаш не смеат да плачат“.
На таа возраст татковците се главен пример за синовите, а во нормални услови речиси е невозможно да се видат солзи во очите на таткото. Поради желбата да се идентификуваат со нив и да станат „вистински мажи“ момчињата ги задржуваат солзите, а кога не можат да се контролираат и кога ќе им се препуштат на емоциите, потоа се чувствуваат засрамени дека направиле грешка и дека излегуваат слаби.
Како што растат децата имаат помала потреба да плачат заради секоја ситници, што значи дека стануваат позрели и не доживуваат се така емотивно. Пофалете ги поради тоа, но важно е да ги научите дека солзите не се знак на слабост. Ако момчето верува во тоа и ги крие солзите или ги задржува, покажете му снимка и фотографии на познати мажи, спортски јунаци кои без страв ги покажуваа емоциите.
Не е лесно да се канализираат емоциите, особено кај момчињата, бидејќи од нив се очекува да бидат „помалку чувствителни“. Среќните и возбудливите случувања исто така го креваат адреналинот, а солзите радосници се одличен „издувен вентил“ за организмот да се ослободи од тензии. Освен тоа тие ја чистат душата и ги лекуваат емотивните рани.
Во тешки ситуации, родителите, а, пред се, таткото како главен премер за машкото дете би требало да го прегрне синот и да му дозволи да плаче колку што сака, истакнуваат психлозите. И зборовите: „Плачи, ќе ти биде полесно“, дејствуваат многу лековито и го бришат чувството на срам кај момчињата.
На таа возраст поддршката од таткото и неговата утехата се многу поважни од нежната мајчина прегратка, затоа што од седум години момчињата почнуваат да се осамостојуваат од мајчиното заштитничко крило, обидувајќи се да изградат машки идентитет.
Фото: www.shutterstock.com