Многумина се согласуваат дека родителите во Франција имаат методи за воспитување кои сите би требало да ги усвоиме. Еве на што француските родители се придржуваат…
Памела Друкермен, авторка на книгата „Воспитување на детето“, ги истражувала разликите помеѓу воспитувањето на децата во Франција и Америка. Таа дошла до пет клучни разлики, еве кои се тие:
1. Децата во Франција спијат во текот на целата ноќ
За разлика од бебињата во Америка кои се будат среде ноќ, бебињата во Франција спијат во текот на целата ноќ. Поради што тоа е така?
Памела открила дека родителите во Франција ја практикуваат т. н. „пауза“. Доколку ја практикуваат во првите два месеци од раѓањето на бебето, тоа ќе научи само да заспива.
– Дозволете му на своето бебе само да се смири, немојте веднаш да реагирате. Возрасните исто така се будат во текот на ноќта, но обично на тоа не се сеќаваат, бидејќи умеат веднаш да прејдат во другата фаза на сонот. Не треба да паузирате премногу долго. Некои родители чекаат околу пет минути, додека некои чекаат и малку подолго или пократко. Тие не дозволуваат бебето премногу да плаче, ако бебето и по „паузата“ продолжи да плаче, значи дека станува збор за нешто друго – објаснува Памела.
2. Децата во Франција не се избирливи кога храната е во прашање
Многумина велат дека кога детето ќе одбие некоја храна, треба да почеката неколку дена, па повторно да му го понудите истото.
– Разговорот за храната не треба да се сведе на „тоа ми се допаѓа“ – „тоа не ми се допаѓа“.
Французите предлагаат на децата да им понудите зеленчук и да ги поставите прашањата како: „Дали мислиш дека е крцкаво?“, „Каков звук се слуша додека џвакаш?“, „На што те потсетува вкусот?“, „Што чувствуваш во устата“.. Во Франција не постои „храна за дете“.
3. Децата во Америка мора да користат „четири златни зборови“
Во Америка постојат два златни збора – „благодарам“ и „те молам“. Французите имаат четири: „s’il vous plaît“ (те молам), „merci“ (благодарам), „bonjour“ (добар ден) и „au revoir“ (догледање). „Благодарам“ и „те молам“ се неопходни, но не и доволни.
– Мислам дека туристите во Париз често се третираат лошо или грубо, поголемиот дел поради тоа што не почнуваат со интеракцијата со „bonjour“ (добар ден), дури и доколку веднаш потоа се префрлат на англискиот јазик. Битно е да кажете „бонжур“ кога влегувате во такси, кога келнерката првпат ќе пријде на вашата маса или пред да го прашате продавачот за адекватниот број на фармерките. Со изговарањето на ова, вие, всушност, го почитувате постоењето на другите личности – наведува Памела.
4. Децата во Франција имаат одвоен идентитет од родителите
„Ако детето ви е единствената цел што сте ја постигнале во животот, тоа никако не е добро за него.“
Американците имаат обичај децата да ги ставаат на прво место. Памела во својата книга го запишала искуството на една мајка од Франција која живеала во Америка:
– На прославата на Денот на благодарноста, една мајка беше воодушевена кога во трпезаријата влезе нејзината тригодишна ќерка. Сите десетмина возрасни престанаа да разговараат на масата и се фокусираа на девојчето. Си помислив: „О, луѓе, оваа култура е неверојатна. Изгледа како детето да е Господ.“
5. децата во Франција имаат повеќе слобода
Родителите во Франција се трудат да бидат стриктни околу неколку работи (ова се нарекува „рамка“), но надвор од таа рамка, тие на своите деца им даваат онолку слобода колку што децата тоа можат да го поднесат. На пример:
– За време на спиењето малите Французи мора да бидат во своите соби, но таму можат да прават што и да посакаат.
– За време на викенд можат да гледаат два часа телевизија, но сами одредуваат кога ќе биде тоа и што ќе гледаат.
– Мора да ги пробаат сите јадења, но не мора се да изедат.
Фото: www.timeanddate.com