Родителите често прават некои работи кои можеби на прв поглед изгледаат чудно, но стручњаците и тоа како ги препорачуваат како добри за развојот и растот на бебињата.
На пример, многу од нас ги возеле во автомобил своите бебиња само за да ги заспијат, вртејќи притоа бесцелни кругови. Докажано е дека ова успева.
Исто така, докажано е и дека масажата на предвремено родените бебиња покажува чудесни ефекти.
Покрај тоа што им помагаат да се релаксираат, има неверојатни здравствени придобивки.
Студиите покажале дека предвремено родените бебиња, кои примале дневна терапија со масажа, се развивале побрзо, ги подобриле имунитетните системи и го подобриле целокупното здравје.
Сепак, ова е само еден начин на кој родителите можат да им помогнат на своите деца, пренесува BrightSide.
Рефлексологија за ублажување на стресот
Речиси инстинктивно мајките ги тријат рацете или нозете на своето бебе. Она што не е толку добро познато е дека бебињата реагираат и на рефлексологијата.
Нежна масажа им помага на децата побрзо да се релаксираат и да заспијат.
Започнете нежно да ги масирате нозете на вашето бебе и да видите како реагира. Ако сакаат, можете да го користите ова како дневна рутина.
Допирање и галење за менталното здравје
Како родител, вие веројатно инстинктивно го галите вашето дете.
Но, научно е докажано и дека децата кои биле повеќе галени од нивните родители кога биле мали, имале подобро ментално здравје како возрасни затоа што развиле посилни неуронски врски.
Масажа за релаксација и подобро здравје
Масажата е многу популарна форма за олеснување на стресот кај возрасните, но има ист ефект врз доенчињата.
Масирањето го прави вашето бебе да се чувствува сигурно и им помага на бебињата кои имаат гасови, грчеви и запек, истовремено намалувајќи го и нивото на стрес.
Покрај тоа, истражувањето покажа дека дневната масажа на новороденчињата им помогна за нивниот раст и развој на коските.
Превртете го бебето на стомак и полека и нежно масирајте го целото тело, а потоа превртете го бебето на грб и повторете ја постапката.
Разговарајте со вашето бебе за време на масажата и одржувајте контакт со очите за да му помогнете да се релаксира и да се чувствува безбедно.
Можете да го повторувате ова неколку пати на ден се додека вашето дете ужива во тоа.
Лежење на стомак за посилни мускули
Ова треба да биде редовна пракса бидејќи всушност му помага на бебето да гради посилни мускули.
На овој начин, ползењето и седењето ќе бидат многу полесни за вашето новороденче како што тоа ќе расте.
За почеток, легнете го вашето бебе на стомак врз вашиот стомак и постепено продолжувајте го времето поминато на стомак секој ден.
Вибрации и бел шум за смирување
Вибрацијата е докажано дека е еден од најдобрите начини за смирување на расплаканото бебе.
Уредите со бел шум го имаат истиот ефект и, покрај тоа, им помагаат на бебињата да заспијат побрзо и да спијат подолго.
Кога бебето плаче, не мора да значи дека е гладно
Првата работа на која помислуваат повеќето родители кога бебето плаче е дека е гладно. Но, лекарите велат дека тоа може да доведе до прекумерна тежина. Плачењето на бебиња не мора да значи глад, но може да значи замор, здодевност или непријатност.
Ако го храните вашето бебе секојпат кога плаче, по некое време тоа ќе започне да размислува за хранењето како нешто што му е потребно, создавајќи нездрави навики за јадење од кои подоцна тешко ќе може да се одвикне.
Ако неодамна сте го нахраниле бебето и тоа повторно плаче, обидете се да си поиграте со него, подржете го и смирете го за да му помогнете да се опушти.
Возете го вашето бебе во автомобилот за да му помогне да заспие
Ова навистина функционира, а експертите велат дека треба почесто да го практикувате ова.
Движењето на автомобилот делува како приспивна за деца, затоа што создава слично чувство на движењето што бебињата го чувствуваат во матката. Ги прави да се чувствуваат безбедно и смирено како во стомакот на нивната мајка.
Фото: Pixabey