Психологот, психотерапевт и доцент на Универзитетот во Фиренца, Џовани Нотарникола составил корисна листа на работи кои треба да ги правите само ако сакате неспособни деца. Секако, неговиот манифест е ироничен и има цел да се разбијат лошите навики и на родителите да им се сврти ниманието на тоа какво влијание би можеле да имаат тие на децата, дури и кога се прават со најдобри намери.
- Задоволувајте јасекоја желба на детето и тоа на неговото прво барање.
- Не инсистирајте на градење на морал: искреност, солидарност, труд. Тоа се особини на слабите личности.
- Собирајте ги и средувајте ги работите што детето ги остава наоколу. Така ќе мисли дека за се одговорни другите.
- Често, карајте се и тепајте се пред детето, дури и заради глупости. Ќе порасне со идејата дека бракот треба да се избегнува по секоја цена.
- Бранете го детето секогаш и секаде и ставете му на знаење дека се секогаш другите (на пример, другарите од училиште или наставниците) тие кои се виновни.
- Не го карајте никогаш заради тоа што го направило затоа што би можело да почувствува вина.
- Дајте му на детето пари колку што ќе побара. Но после бидете подготвени дека кога ќе порасне нема да има баш волја за работа. Зошто би имало кога вие му давате?
- Дозволете му да ги малтретира животните и послабите другари. Нека ги исмева постарите и нека ги оштетува туѓите предмети иу сето тоа нека го снима со телефон. Ќе верува во Бог затоа што ќе мисли дека е тоа Бог.
- Оставете го да гледа телевизија колку што сака. Без ограничување. Ќе порасне мислејќи дека со животите на луѓето може да се упраува со помош на далечинскиот управувач.
- Не го терајте да практикува никаква спортска активност. Би можело да се испоти и да настине. Ќе биде довоно да вежба спорт од трибините.