Денеска е тешко да се биде мудар и да се најде вистинска мерка кога станува збор за тоа колку смеат децата да користат разни апарати. Затоа треба да се послушаат советите од стручњаците кои се занимавале детално со тоа, иако тие дефинитивно нема да им се допаднат на децата, но нема да им се допаднат ниту на некои родители
Американската педијатриска академија и Канадското друштво на педијатри објавиле дека децата до втората година на старост воопшто не би смееле да бидат изложени на влијанијата од технологијата, на децата од три до пет години би требало да им се ограничини пристапот кон технологијата на еден час дневно, а децата и адолесцентите од 6 до 18 години не би смееле да минуваат повеќе од два часа дневно пред различни екрани, пренесува Хафингтон Пост.
Стварноста е малку поинаква. Користењето на медиумите кај децата и адолесцентите значително се зголемило во последните 10 години, што е документирано во бројни истражувања.
Најновите извештаи од 2010 година за однесувањето на 2.000 деца и адолесценти од 8 до 18 години покажале дека децата просечно минуваат 7,5 часа дневно користејќи разни медиуми. Меѓутоа, заради мултитаскингот, децата се всушност под влијание на медиумите 10,75 часа дневно!
Се повеќе педијатри им советуваат на родителите да им го ограничат на децата времето поминато со технологијата, особено користењето на мобилните телефони и таблетите.
Последиците од неконтролираното користење на мобилните телефони, лаптопи, таблети, како и седењето пред телевизија, се сериозни и понекогаш застрашувачки. Во светот се спроведуваат голем број истражувања за развојот на детето опкружено со технологија, а резултатите се застрашувачки.
Ова се 10 причини зошто на децата треба строго да им се ограничи употребата на технологијата:
- Забрзан развој на мозокот
До втората година од животот мозокот се зголемува за три пати и го продолжува забрзаниот развој до 21.година. Раниот развој на мозокот е под влијание на разни дразби во средината или е во врска со недостатокот од дразби. Денеска, дури едно од три деца кои тргнуваат во училиште е заостанато во развојот.
Истражувањето на Американскиот универзитет за педијатрија ги објавил резултатите од истражувањето кое вклучувало 2.200 семејства од 10 развиени семејства од 10 развиени земји, со деца на возраст помеѓу 2 и 5 години, кои покажале дека 58% од претшколските деца знаеле да играат игрички на компјутер, а само 9% од нив умееле да си ги врзат врвците.
Се покажало дека претераното изложување на технологијата е директно поврзано со секојдневното функционирање на детето – проблеми со пореетувањето и недостаток на концентрација, доцнење во когнитивниот развој, отежнато учење, зголемена импулсивност и намалена способност за контролирање на емоциите и однесувањето.
- Доцнење во развојот
За користење на технологијата не се потребни физички активности (главно се се сведува на чукање на тастатура), а тоа може да резултира со задоцент физички и психички развој.
Секое трето дете тргнува во училиште со намалени способности, а тоа долгорочно влијае на писменоста и напредокот во образованието. Задачите кои ги решавале генерациите пред 20 години користејќи логика се преусмерени од игрите како ластик или мижитатара кои најновите генерации воопшто ги немаат.
Движењето ги активира мускулите и зглобовите и го поттикнува мозокот на решавање на проблемите во движење, и на тој начин ја зголемува способноста за учење и логичко поврзување.
- Дебелина
Зачестената дебелина на децата е зголема дури пет пати, а за тоа придонесува исклучиво физичката неактивност и неправилната исхрана.
Премалку движење, премногу седење пред телевизорот и на мобилните телефони. Претераната тежина пак води кон дијабетес и го зголемува ризикот од ран срцев удар, сериозно скратувајќи ја должината и квалитетот на животот.
- Пореметување на спиењето
Предолгото седење пред екраните и мобилните телефони, со оглед на тоа што сите тие зрачат, создава разни пореметувања во спиењето кои кај децата се во драматичен пораст. Изложувањето на децата на неразбирливи содржини ги поттикнува кошмарите, месечарењето, лошо спиење и можат да се задржат многу долго во потсвеста на децата.
- Ментални болести
Прекумерното користење на технологијата се смета за главен фактор за порастот на депресијата кај децата, анксиозноста, пореметување на вниманието, аутизам, биполарни пореметувања, психоза и проблематично однесување на децата и адолесцентите.
– Секој дополнителен час или ден поминат пред телевизија или на таблет и на мобилен телефон во адолесценцијата е поврзано со поголеми изгледи за појава на депресија кај младите – објасниле данските психолози Андреас Гронтвед и Џ. Сингамер.
- Агресија
Децата кои првенствено поттиците од околината ги примаат преку медиумите (филмови, цртани, игрички) или преку интернет, немаат развиена емпатија, што резултира со чести изливи на бес и агресија и се поголем проблем со малтретирање преку социјалните мрежи.
Комуникацијата преку интернет исклучува контакт базиран на нашите сетила. Заради тоа децата кои малтретираат други деца не ги гледаат ниту последиците од своето однесување. Резултатите на повеќе од 2.000 научни истражувања покажале дека изложувањето на насилство во медиумите го зголемува ризикот од агресивно однесување кај децата и аодолесцентите и ги прави нечувствителни.
- Зрачење
Во 2011. Година паметните телефони (како и останатитре апарати кои можат да се поврзат на бежична мрежа) биле класифицирани како закана од 2B ниво (можни канцерогени медиуми) заради просечната количина на радијација која ја зрачат.
Џејм Макнејм со државната канецеларија „Здрава Канада“ во октомври 2011. Година издал предупредување во кое се наведува: – Децата се почувствителни на разни потенцијално негативни влијанија од возрасните затоа што нивните мозоци и имунолошки систем се се уште во развој, такашто не може да се каже дека е ризикот ист за децата и за возрасните.
- Дигитална деменција
Технологијата еволуирала, но нашиот мозок не, и тука се создава проблем кај децата и кај младите кои „уживајќи“ ги таквите содржини кои преку интернет се создаваат и се делат 100 пати побрзо од претходно, предизвикува кај нив намалена концентрација и отежнато помнење. Имено, нивниот мозок не може да стаса да ги селектира битните од небитните информации и по пат на невроните да ги испрати во фронталниот кортекс.
- Зависност
И родителите минуваат се повеќе време пред разни „екрани“, а се помалку време со своите деца. Не е реткост да се видат мајките и татковците како гледаат во своите телефони додека детето седи покрај нив во колична обидивајќи се да им го привлече вниманието. Бидејќи не можат да се поврзат со родителите, децата почнуваат да се поврзуваат со разни апарати, што може да резултира со зависност, а таа пак со забрана за натамошно користење на апаратите и со емотивна нестабилност поради истото.
- Неодржливост
Начинот на кој децата денеска се одгледуваат и образованието кое е засновано на употребата на технологијата не е одржливо. Децата се нашата иднина, но тие немаат иднина ако нивните животи се вртат околу технологијата – објаснува Крис Руен, педијатар терапевт и стручњак за развој на деца, која иницирала и програма чија цел е да им се помогне на децата и на родителите преку едукативни програми, вежби и тренинзи да ги решат проблемите предизвикани од прекумерното користење на дигиталните медиуми.
Имајте на ум и тоа дека Стив Џобс, еден од пионерите на технологијата и развојот на интернетот не им дозволил на своите деца пристап кон технологијата и интернетот.