10 Совети за родители на деца со АДХД

Создавањето позитивни ставови е една од основите за подобра комуникација помеѓу родителите и децата со АДХД. Хиперактивно дете може да има потешкотии во три области: (хипер) активност, внимание и контролирање на импулсите. Знаете ли да ги препознаете симптомите?

0
161

Нарушувањето е широко распространето и од него зависи квалитетот на животот на родителите и на детето. Според еден хрватски портал за родители се проценува дека 3-4 отсто од училишните деца во Хрватска страдаат од АДХД. Тоа значи дека во просек во секое одделение има по еден или два ученици со наведеното нарушување. Имајќи на ум дека денес има сè повеќе деца со тоа нарушување, на родителите секако им помага фактот дека нивните деца не се поинакви, ниту „психички болни“, ниту лоши, туку дека нивниот ум едноставно функционира поинаку.

„Хиперактивно“ дете може да има тешкотии на 3 различни подрачја: (хипер)активност, внимание и контролирање на импулсите. Кои се облиците на однесување карактеристични за децата што имаат проблеми на овие 3 подрачја?

Детето што има проблеми на подрачјето (хипер)активност:

– често ги тресе рацете и нозете, се тркала, се врти…
– често станува во ситуации кога се очекува да седи на место (на пример, на училиште)
– претерано трча, скока или се качува во ситуации во кои тоа не е соодветно
– тешко му е тивко и мирно да си игра
– се однесува „како да го движи мотор“
– често претерано многу зборува
– гласно е (многу вика, пее, зборува…)
– постојано е во движење
– се врти на столот
– лесно се возбудува
– нагло посегнува по предмети
– постојано манипулира со предмети, играчки
– има тешкотии ако треба мирно да игра или да се занимава со нешто
– немирно е
– неуморно е

Невниманието кај детето можеме да го уочиме преку следните однесувања:

– прави грешки поради невнимание или не посветува внимание на детали
– тешко го одржува вниманието во задачите или играта
– изгледа дека не слуша дури и кога директно му се обраќаме
– тешко му е да организира задачи и активности
– често губи работи потребни за исполнување задачи или активности
– лесно го попречуваат надворешните дразби кои на другите деца не им пречат
– побавно е од другите деца во учењето нешто ново и во извршувањето задачи
– побавно е од другите деца во учење на нов материјал и во извршување на задачи
– тешко се концентрира
– има тешкотии во завршувањето на одредени активности
– неорганизирано е
– има недоволно способности за планирање
– отсутно е со мислите
– невнимателно е
– има тешкотии во следењето упатства
– кратко траење на вниманието
– тешко се задржува со задача и тешко довршува задача

Импулсивно дете:

– „истрчува“ со одговорите пред да биде завршено прашањето
– има тешкотии со чекањето ред
– често ги прекинува и попречува другите
– бурно и емотивно реагира, не предвидувајќи ги добро последиците
– дејствува пред да помисли
– се префрла од една активност на друга
– не може да чека некој да ја заврши реченицата или работата
– го прекинува разговорот
– им се наметнува на другите
– не чека упатства
– не може да ги следи правилата на играта

Прочитајте и за 10-те совети со чија помош односот на родителите со детето што има АДХД ќе може да стане многу подобар и поедноставен:

1. Кога вашето дете се однесува примерно, треба да му упатите убави зборови, да го прегрнете и да му се насмевнете. Така на детето ќе му се зајакне самодовербата, ќе се создадат позитивни ставови и ќе посака да го повтори убавото однесување.

2. Но, несоодветното однесување игнорирајте го кога можете, односно кога сте целосно сигурни дека таквото однесување нема да доведе до физичко загрозување на детето.

3. Децата учат имитирајќи го однесувањето на возрасните. Треба да им бидете добар пример. Ако вие викате, морате да бидете свесни дека и вашето дете ќе вика.

4. Упатствата што му ги давате на детето мора да бидат јасни, едноставни (кратки) и разбирливи.

5. Вашето дете би требало да има своја рутина, структура и предвидливост.

6. Дајте му можност да учествува во семејните работи и домашните обврски.

7. Одберете му работни задачи дома, како што е средување на масата и изнесување на ѓубрето. Важно е да е вклучена физичка активност.

8. Доколку внимателно ги испланирате училишните и домашните обврски, како и слободните активности секој ден, тоа позитивно ќе влијае врз хиперактивното дете.

9. Постапно препуштајте му ги сите одговорности за неговите обврски.

10. Јасно комуницирајте со детето. Дајте му позитивни, но одлучни упатства.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]