Џејми Оливер: Итно забранете им ги на децата енергетските напитоци!

Ако компаниите кои произведуваат енергетски напитоци ни сугерираат дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто десетгодишник може да ги купи кога ќе посака, прашува тој.

0
424

Славниот готвач Џејми Оливер ги повикал државните органи да ја забранат продажбата на енергетски напитоци на децата затоа што се сомнева на поврзаност на потрошувачката на напитоците и лошите училишни резултати.

Џејми Оливер го поддржал повикот на Националниот совет за образование да се постави старосна граница од 16 години за продажбата на енергетски напитоци.

Тој додал дека владата би требало да се придржува до насоките кои веќе постојат на многу конзерви на кои пишува дека енергетските напитоци не се погодни за деца.

„Ако компаниите кои произведуваат енергетски напитоци ни сугерираат дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто десетгодишник може да ги купи кога ќе посака?“ – прашува тој.
„Итно е потребно владата да постави старосна граница за продажба на енергетски напитоци“.
Дури 69 отсто од тинејџерите и 24 отсто деца под 10 години, во Велика Британија ги консумираат овие напитоци.

[better-ads type='banner' banner='999' ]