Ја запросил во кино, а прстенот му „долетал“ од главниот јунак на платното (ВИДЕО)

Секој може да клекне и да ја запроси својата девојка, но бостонскиот режисер Ли Леочер сакал тоа да го направи на оригинален начин и го направил – комплетно режирајќи го целиот настан. Каде ако не во кино

0
355

Режисерот Ли Леочер од Бостон сакал да ја запроси својата средношколска љубов на оригинален начин кој ќе се памети и прераскажува, а судејќи по бројот на прегледи на Јутјуб кадешто е објавена видео снимката од најоригиналната просидба досега, успеач во тоа.

Ли и неговата долгогодишна девојка отишле во кино за да го гледаат нејзиниот омилен анимиран филм „Заспаната убавица“. Пред крајот на проекцијата на овој Дизниев филм, принцот Филип и принцезата Ружица почнале да личат на Ли и на неговата девојка.

Наеднаш, главниот јунак на анимираниот филм го „пробил“ биоскопското платно и му ја „подал“ на Ли кутијата со прстенот. Потоа Ли клекнал и ја прашал својата девојка дали сака да му биде животна сопатничка. Во салата се огласил громогласен аплауз, а потоа следувало и објаснување дека Ли ја хакирал „Заспаната убавица“, а за амбициозноста на неговиот план зборува и фактот дека за тој посебен ден тој изнајмил биоскопска сала, па дури и отпечатил лажни влезници за проекцијата. И се разбира, во салата немало обична публика, туку нивните семејства и пријателите кои маестрално ги одиграле своите улоги.

Видео снимката од запросувањето ја ставил на Јутјуб, а го виделе речиси два милиони луѓе за само еден ден.

Ова прашање ѝ го поставил на последниот ден од 2019.година.

Исто така, тој имал и резервна снимка во случај неговата сакана да каже „не“. Тоа бил инсерт од цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“, во кои џуџињата плачат. За среќа, немало потреба за тоа.

Текстот и фотографијата се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]