Иако доењето на јавно место не е забрането во повеќето земји, на некои луѓе тоа сѐ уште им пречи.
Ако сте мајка и сте доеле во јавност, тогаш оваа ситуација сигурно не ви е непозната.
Имено, кога една млада жена почнала да го дои своето бебе во ресторан, до неа дошол непознат маж кој побарал да се покрие. Таа си ја покрила главата со марама и мирно продолжила да си го дои бебето.
Температурата надвор била 32 степени, било исклучително влажно, а најважно од сѐ, фотографијата не е снимена во муслиманска земја во која ова би значело кршење на традицијата. Напишала под фотографијата Американката Керол Локвуд, која воодушевена од овој генијален потег на младата мајка, ја објавила на Фејсбук.