Во последните пет години кои ги поминав талкајќи по „мрачните и ладни води“ одгледувајќи ги своите деца, сфатив некои духовити, но и понижувачки вистини за себе. Но, има едно посебно откритие што е на посебно место за мене, поради кое се најдов во разни непријатни ситуации. Но, знаејќи го сето ова, јас и натаму немам желба да се вратам ‘на старо’, напротив, имам желба да одам и понатаму за инает на сите родители кои го оценуваат и осудуваат мојот стил и начин на живот, како и воспитувањето на децата.
Кога станува збор за одгледување на децата, ако се наоѓаме на пример на детско игралиште, јас сум таа мајка што ги прави нервозни сите други мајки. И верувам дека ќе биде така сè додека моите деца не дојдат во средно училиште и малку не пораснат.
Така, повремено можете да ја видите мојата петгодишна ќерка како со насмевка на лицето скока од тобоган или на свој начин се забавува со некоја друга играчка. Додека мојот 18-месечен син обично го поминува своето време на игралиште без панталони и босоног, по можност со рацете покриени со кал. Она што е неизбежно секој пат е вмешувањето на другите мајки – а да се разбереме, тие го прават тоа често, да ме прашуваат дали навистина имам очи и дали гледам какви „мајмунлаци“ прават моите деца. На тоа прашање само се насмевнувам и велам – да.
„Ми требаше долго време не само да го прифатам споменатиот начин на воспитување, туку и да се помирам со разни предрасуди и прашања од други“ Многу луѓе ме прашуваа зошто сметам дека ова е совршен метод за воспитување, а многумина и превртуваа со очи. Имав и ситуации кога други деца од игралиштето ќе ми пријдеа и ќе ме прашаа: „А, зошто вашето бебе има боја по целото тело?“ Но, кога ќе им објаснам дека во нашата куќа секој има дозвола да го направи она што сака, па дури и ако тоа значи да го обои целото тело, нивниот мал мозок како да „експлодираше“ од среќа и од информациите што им минуваа низ главата.
Според написот од 2019. година во списанието Good Housekeeping, ‘слободното родителство’ има за цел да ја поттикне независноста на децата со тоа што ќе им даде поголема автономија и помалку надзор од возрасните. Тоа не е целосно откажување од правила, како што е пермисивното родителство“. Тоа е клучно за разликување.
Мојата куќа не е место каде што можете да дојдете и да живеете без апсолутно сите правила. Нема да дозволам моите деца да бидат непријатни и груби кон другите. Исто така, тие не ја напуштаат куќата и не шетаат во кое било време од ноќта или денот ниту во нашиот двор, ниту на улицата или во нашето соседство. Она што е вистина е дека на нив им посветувам 99,9% од моето време, но на безбедно растојание што ги тера да се чувствуваат слободни да донесуваат одлуки за кои понекогаш ќе зажалат, но така ќе научат. Исто така, ако сакаат да ѝ кажат не на мојата прегратка, бакнеж или нешто трето, јас им дозволувам да го сторат истото, исто како што им дозволувам да им се спротивстават на своите врсници или дури и на возрасните, ако тие сметаат дека се чувствуваат несигурно во нивна близина.
Во мојот дом, почитта е двонасочна улица помеѓу моите деца и мене. Ги учам да ги почитуваат личните граници на сите во нашата куќа, но и да можат да зборуваат сами за себе и да го променат тоа доколку имаат валиден аргумент зошто тоа би требало да биде или да изгледа поинаку. Затоа, исто како и останатите, имаме одредено време да спиеме и да консумираме оброци, но од време на време кога ќе одлучиме дека јаделе, да речеме, доволно зеленчук еден ден претходно, им дозволуваме да јадат оброк што се состои, да речеме, од грицки.
Наместо да воведувам строга дисциплина или тајм-аут, секогаш зборувам искрено со моите деца и проверувам што имаат да кажат. Ако сакаат да направат нешто како пркосење на гравитацијата на неочекувано или небезбедно место во мојата куќа или надвор, јас спокојно ќе ги научам зошто не е добро, без да се вклучам физички, освен ако тоа секако не е потребно. Ако паднат или се гребнат додека играат или ако почнат да плачат, јас не брзам веднаш до нив и не ги гушкам, и им зборувам дека сè ќе биде добро, туку ги оставам да се обидат сами да си помогнат и да дојдат до заклучоци што да направат понатаму. Исто така, никогаш – ама баш никогаш не им велам – да престанат да плачат.
„Повеќето од тие избори предизвикуваат други родители или други возрасни да се чувствуваат загрижени за моите деца“. Другите родители гледаат опуштена мајка која не ги задоволува социјалните стандарди и поради тоа им е непријатно. Но, постои една работа која е исклучително тешка и преку која многу малку други родители можат да преминат или да останат без прашања или приговори, а тоа е кога ќе им дозволам на своите деца неколку моменти, кога им давам време да поминат низ збрката од своите емоции пред да вложат напор да се извинат за нивните постапки.
Ова можеби звучи чудно, но имајќи предвид дека е важно да се дисциплинираат, мислам дека е исто така важно и за нив да сфатат зошто воопшто дошло до потребата за дисциплинирање. Затоа, споменатата техника им се чини на многумина како да сум ги расипала своите деца и дека тие се „извлекуваат“ од сите проблеми, но во моето срце знам дека не е така. Само им дозволувам мирно време во кое нема да интервенирам со напаѓање или викање, така што тие самите ќе ја спознаат својата грешка.
За родителите од стар ков, ако детето веднаш не рече „извини“, истата секунда по грешката, изгледа како да нема ни најмала почит кон нив. Но, за родителите од модерното време, постои само чувство на нетрпеливост и прашањето кога детето ќе се извини. Ве уверувам, секогаш функционира. Исто така, јас не ги принудувам моите деца постојано да велат „благодарам“ и „те молам“ за различни ситуации секој час, па не ги присилувам ниту веднаш да се извинуваат.
Дури кога тоа ќе им одговара. Кога ќе научат и ќе разберат сами да ја покажат својата љубезност и што ќе им донесе во животот и кога навистина мислат така затоа што повеќето од овие „извини“ и „се извинувам“ кај другите деца доаѓаат рефлексивно, без размислување и заради страв, а тоа не е животот и врската што сакам да ја имам со моите деца. Па, зошто јас толку ги мачам возрасните околу мене, давајќи им на моите деца толку многу автономија? Да бидам потполно искрена, тоа е затоа што се грижам повеќе за одгледување чесни и храбри деца кои ќе сакаат и ќе бидат горди на себеси отколку што сум загрижена за возрасните во собата. Предностите од родителството на овој начин се за мене бескрајни. Моето дете не само што ми верува, тоа ќе се чувствува почитувано и среќно и поддржано. На крајот на денот, сакам мајка каква што сум за моите деца и ги сакам луѓето во кои ќе пораснат како резултат на таквото воспитување. Тоа е сè што е важно.
Фото: Unsplash